Рим - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Рим

Вечниот град - РИМ

Рим, не бил изграден во еден ден – и ќе ви треба повеќе од еден ден да го доживеете овој безвременски град . Вистински колаж на плоштади, пазари на отворено и неверојатни историски локалитети. Скоро 3.000 години глобално влијателна уметност, архитектура и култура… Античките рушевини, Форумот и Колосеумот, ја прикажуваат моќта на поранешната Римска империја… Ватикан, седиштето на Римокатоличката црква, со базиликата на Свети Петар и музеите на Ватикан, во кои се сместени ремек-делата на Микеланџело… Фонтана Ди Треви и фрлена паричка за среќа… Шпанските скали…

11.10.2019 – СКОПЈЕ – РИМ

Состанок на групата на аеродром Александар Велики во 12:30 часот. Лет за Рим  во 14:25 часот. Слетување во Рим во 16.00 часот. Автобус за трасфер не пречекува на аеродромот Чампио… Пристигнувањер во центарот на Рим, каде не чека локален водич и започнува панорамско разгледување на градот (околу 4часа): Плоштадот Дел Пополо, Виа Дел Корсо, Плоштадот Венеција со споменикот на Виктор Емануеле, мостовите на Тибар, Палатата на Правдата, Тврдината Сан Ангело, Црквата Св. Петар… Трансфер до хотел и сместување. Вечерта слободно време да украдете дел од културата на италијанците…пица, паста, вино, кафе, сладолед… Ноќевање.

12.10.2019 – РИМ – ВАТИКАН

Појадок. Факултативно – организирана посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи…, Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело и најголемата Црква Св. Петар…. Слободно попладне, пауза за ручек. Слободно попладне за индивидуални прошетки или во договор со водичот, можност за посета на знаменитости. Ноќевање.

 

13.10.2019 – РИМ – ТИВОЛИ

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Д’Есте – е најубавиот пример и симбол на италијанската ренесанса, заштитена од  УНЕСКО како Светско културно наследство. Вилата е позната по прекрасните фонтани кои се вистински уметнички дела. Во попладневните часови – факултативна, организирана прошетка низ центарот на Рим, уживање во убавините на градот: Шпанските скали, познати како “дневна соба на градот”, Фонтаната Ди Треви и легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим, Пантеон, прекрасниот плоштад Кампидољо, Римскиот Форум, Колосеумот, Црквата Св. Климент… Пауза за ручек. Прошетката продолжува по боемскиот кварт Транстевере. Во вечерните часови враќање во хотел со локален превоз. Ноќевање.

14.10.2019 – РИМ – СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време за прошетки и шопинг. Организиран трансфер до аеродромот Чампино. Полетување за Скопје во 16:30 часот. Пристигнување во Скопје во 18.10 часот.

ЦЕНА за уплата до 20.08 266€ (16.500 мкд)

 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 366€

 ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз: Скопје – Рим – Скопје со Wizzair
  • Кабинска торба со димензии 40х30х20 до 8кг
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Сместување во хотел на база 3* ноќевања со појадок
  • Организиран панорамски разглед на Рим
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Аеродромски такси 3.700 мкд
  • Туристичка такса 6 евра на ден (се плаќа во агенција)
  • Доплата за чекиран багаж – куфер до 10kg 800 мкд *(цената може да се промени како наближува летот)
  • Влезници во музеите и културно историските споменици
  • Карти за локален превоз (метро)
  • Патничко – здравствено осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба 4.700 мкд

Факултативни излети:

  • Посета на Ватикан со локален водич и влезница– задолжително пријавување и уплата во агенција 55 евра
  • Посета на Тиволи со локален водич и влезница– задолжително пријавување и уплата во агенција 50 евра
  • Организирана пешачка прошетка низ центарот на Рим 15 евра

 

 Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници.
  • За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 патници.
  • За факултативните излети задолжително е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.

 

Начини на плаќање:

  • Цената на аранжманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд.
  • При резервација на аранжманот се уплаќа 30% од износот на аранжманот како авансна уплата (важи и за цената во предпродажба). Остатокот од аранжманот се доплаќа 7дена пред тргнување.

 

Општи напомени за патување:

Т.А.Импала Травел  го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот 7 дена пред тргнување.

За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на распоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

За овој програм важат Општите Услови на патување на СКТМ и Импала Травел.

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето