Малта - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Малта

Медитеранскиот Бисер – МАЛТА 

4 Дена / 3 ноќевања / Авион

 

Малтешките острови, опишани како музеј на отворено. Она што ги прави уникатни е 7000 годишна историја, а сепак се живее страстно во сегашноста. Влезете во мистериозната предисторија на Островите, чекорејќи по стапките на Св. Павле, таму каде што Витезиите на Св. Јован го бранеа христијанството… Каде и да одите, пејсажите на островите и архиотектурата нудат спектакуларна позадина. Впечатливи бои – медено обоен камен во мешавина од медитеранско синило…

 

19.10.2019       СКОПЈЕ – МАЛТА

Состанок на група на аеродром Скопје во 16.30 часот . Полетувањето е во 18:20 часот. Слетување на аеродром во Малта во 20:05 часот. Трансфер од ародром до хотел. Сместување. Слободно време. Ноќевање.

20.10.2019                      МАЛТА

Појадок. Заминување за разглед на главниот град на Малта – Валета, изграден од Витезите на Св.Џон, чие културно наследство се открива пред вас како што ќе се движите по самите улици на градот. Прошетка низ сликовитите улички се до Градините “Barracca” од каде што има панорамски поглед на Големиот Залив и на Трите Града. Посета на богато украсената Катедралата и музеј на Св. Џон (влазница 10евра), дом на светски познатите уметнички ремек дела од Караваџо и Матија Прети. По посетата на Валета попатно кон Мдина, посета на фабриката за стакло Mdina Glass во Ta’Qali, каде што ќе имате можност да ја видите специфичната техника на изработка на дувано стакло.  Во попладневните часови Факултативна екскурзија до Мдина – стариот средновековен главен град на Малта, наречен Тивкиот Град. Прошетка низ тесните поплочени улички, rазглед на познатите градини Св.Антони, Претседателската Палата… Враќање во хотел. Ноќевање.

21.10.2019                      ГОЗО

Појадок. Целодневна факултативна посета на островот Гозо (Calypso’s Island), вториот најглем остров во Малтешкиот архипелаг. Пред пристигнување во пристаништето Cirkewa, со можност за кратка посета на Светилиштето на Пресвета Богородица на Mellieha. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј на нејзиниот остров. Посета на пештерата на Калипсо во Рамла Хамра заливот и прекрасните плажи. Панорамски разглед на Викториа (Рабат), главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi… Попладне враќање во хотел.  Слободно време. Ноќевање.

22.10.2019                       ТРИТЕ ГРАДА         МАЛТА – СКОПЈЕ

Појадок. Полудневна факултативна посета на трите града Senglea – Isla, Vitoriossa – Birgu, Cospicua Bormla – најубавите историски места на Малта каде ќе дознаеме повеќе за културата на живеење на малтежаните. Conspicoua пред 18 век бил познат како Bormla, име кое се уште е во употреба. Нејзините бедеми се конструирани за заштита на градот и неговите соседи Vittoriosa & Senglea. Биле изградени од страна на витешкиот ред на Малта. Посета на Vittoriosa, гратче идеално лоцирано за засолниште, познато по својата трговска, морска и воена активност. Senglea или Isla L’Isola (остров), е наречен во време на витешкиот ред. Овој локалитет е еден од најстарите градови во Малта кои датираат од 16 век. Изобилува со ботато наслетство од страна на витешкиот ред на Св.Џон. Слободно време за прошетка. Во попладневните часови (околу 18.00 часот) организиран трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 20.35 часот. Слетување во 22:15 часот.

ЦЕНА за уплата до 20.08.2019

259 евра (15.440 мкд)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:   299 евра

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на наведената релација Скопје – Малта – Скопје со WizzAir
  • Рачен багаж со димензии 40 х 30 х 20 цм до 8кг
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром во Малта.
  • Сместување во хотел 3* на база 3 ноќевања со појадок
  • Организиран разглед по програмата на Валета
  • Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Аеродромски такси по лице  700 мкд
  • Доплата за голем кабински багаж  до 10kg  200 мкд *(цената може да се промени како наближува летот)
  • Факултативна посета на Мдина – задолжително 15 евра
  • Влезница за Св.Џон 10 евра – се плаќа на влез, на лице место
  • Факултативна посета на Гозо 55 евра
  • Факултативна посета на Трите Града 40 евра
  • Туристичка такса 750 мкд – се плаќа во агенција
  • Влезници за културно историските музеи
  • Патничко осигурување
  • Долата за еднокреветна соба 4.700 мкд

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници
  • ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!
  • Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, Комплетна доплата 14 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Општи напомени за патување:

  • Т.А. Импала Травел го задржува правото  во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на редоследот на факултативните излети наведени во програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
  • За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ и Импала Травел
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето.