БУДИМПЕШТА - СТ.АНДРЕА - ВИШЕГРАД - ЕСТЕРГОМ - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

БУДИМПЕШТА – СТ.АНДРЕА – ВИШЕГРАД – ЕСТЕРГОМ

БУДИМПЕШТА - СТ.АНДРЕА - ВИШЕГРАД - ЕСТЕРГОМ

1 Ден. 10.10.2019. Скопје – Будимпешта

Состанок на групата во 16:30 часот и поаѓање за Будимпешта во 17:00 часот. Се патува преку Р.Србија и Р.Унгарија со куси попатни паузи за царински формалности и одмор.

2 Ден. 11.10.2019 Будимпешта

Пристигнување во Будимпешта во  претпладневните часови. Разглед на градот со локален туристички водич: Плоштадот на Хероите, Парламентот, улиците Андраши и Ракочи, катедралата Св.Стефан, мостовите на Дунав, Кралската палата, Цитаделата, Рибарската тврдина, улицата Ваци која завршува со познатата слаткарницата Жербо. Сместување во хотел . Слободно време за одмор. Вечерта можност за факултативно крстарење по реката Дунав. Ноќевање. 

4 Ден. 12.10.2019 Будимпешта-Ст.Андреа-Вишеград-Естергом

Појадок. По појадокот можност за целодневен факултативен излет до Ст. Андреа, Вишеград и Естергом – некогашните центри на кралска Унгарија со вклучени влезници и превоз. Пристигнување во Естергом – град кој лежи на обалата на Дунав, воедно и природна граница помеѓу Р.Унгарија и Р.Словачка. Разглед на градот  и посета на Естергомската катедрала која е највисоката црква во Р.Унгарија. Патот продолжува кон Вишеград, каде се наоѓа летната резиденција на кралот Матијас, некогашното кралско седиште на Унгарија. Попладне попатна посета на живописното градче Ст. Андреја – каде се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, богато со голем број винотеки, музеи, галерии и цркви. Разглед на градот и слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Враќање во Будимпешта во попладневните часови. Можност за факултативна посета на  национален ресторан – Чарда  со унгарски специјалитети и фолклор. Враќање во хотел. Ноќевање.

 5  Ден.13.10.2019 Будимпешта-Скопје

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Посета на шопинг ценарот Arena Plaza. Слободно време за шопинг. Поаѓање за Скопје во пладневните часови.

6  Ден.14.10.2019 Скопје

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 6,790 денари

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со висоско туристички автобус на наведената релација ;
  • Две ноќевања со појадок во хотел 3*;
  • Разглед на Будимпешта со локален туристички водич;
  • Придружник – лиценциран пратител на групата за време на патувањето ;
  • Организација и реализација на аранжманот.

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Факултативно крстарење по Дунав 15евра ;
  • Факултативен целодневен излет со превоз и вклучени влезници на Ст.Андреа, Вишеград и Естергом 25 евра ;
  • Посета на Чарда – национален Унгарски ресторан 30 евра ;
  • Патничко и здравстевно осигурување без франшиза за времетраење на патувањето 300 денари .