Занзибар - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Занзибар

ЗАНЗИБАР ЛЕТО 2019

10 ноќевања + Aвионски превоз + Tрансфер

21.06-03.07.2019

10 ноќевања + Aвионски превоз + Tрансфер

ГАРАНТИРАНИ МЕСТА НА ПОАЃАЊЕ!

Занзибар е дестинација која од секогаш претставувала спој на мистерија и егзотика, привлекувајќи со својата недопрена природа и плодната почва која дарува најразлични видови овошја и зачини. Откако ќе се симнете од брод или од авион и зачекорите на Занзибар – ќе бидете пренесени низ столетијата – до древната Персија и приказните за Ширази трговците кои беа инспирација за Синбад морепловецот, до палатата на Свахили принцезата и Оманските султани, до Индија со сите нејзини мириси. За повеќе од 2000 години, монсунските ветрови го обликувале пејзажот и културата на овие острови. Со својата тропска атмосфера и уникатна култура, овој архипелаг нуди искуство за сите сетила. Волшебен, егзотичен, романтичен, но истовремено див и недопрен. Ова е еден од најегзотичните острови каде летуваат пред се туристи од Италија и Германија.

Архипелагот Занзибар, кој се наоѓа во Индискиот Океан, на 40 километри од брегот на Танзанија, е вистинска дестинација за да се избега од светот. Овде имате шанса да уживате во бистра, тиркизно сина вода, долги песочни плажи, и многу мали, речиси пусти острови со недопрена природа, се уште неоткриени од туристите. Ова што вреди да се истражи е Камениот град, прогласен за културно наследство на УНЕСКО, каде ќе ве опијат мирисите на чаршијата, тесните улички и неотриената магија на Танзанија.

Хотели

Услуга

Тип на соба

Пакетна цена од лице
во 1/2 соба

Waridi Beach Resort & Spa 4*

HB

Двокреветна соба

981 €

ALL

Двокреветна соба

1196 €

La Madrugada Beach Hotel & Resort  3*

BB

Двокреветна соба

847 €

Waikiki Zanzibar Resort
 3*

BB

Ethnic Room – DBL

929 €

HB

Ethnic Room – DBL

1100 €

My Blue 4*

BB

Двокреветна соба

1211€

Hilton Resort Zanzibar –   Nungwi 4*

ALL

Двокреветна соба

1671 €

Royal Zanzibar Beach Resort  5*

ALL

Двокреветна соба

1799€

Diamonds Mapenzi Beach 4*

ALL

Двокреветна соба

1475€

Tulia Zanzibar  5*

ALL

 

2859€

Dream of Zanzibar  5*

HB

Двокреветна соба

1466€

ALL

Двокреветна соба

1611€

Melia Zanzibar  5*

ALL

Двокреветна соба

2063 €

*Цените се изразени во ЕUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR=62 MKD)

Во цената на аранжманот е вклучено: 

  • Авиобилет на релација Скопје – Доха – Занзибар – Доха – Скопје со Qatar Airways со вклучен багаж 30 кг;
  • 10 ноќевања во хотел избран од табелатa, со период на престој од 22.06-02.07.2019
  • Трансфер на релација аеродром – хотел во Занзибар и обратно;
  • Претставник од локалните партнери во Занзибар;

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Аеродромски такси 289 евра;
  • Влезна виза за Занзибар (уплата на лице место – 50 американски долари);
    Патничко осигурување – ЗАДОЛЖИТЕЛНО (информации во агенција);
  • Бакшиши за водичи, возачи и ресторани;
  • Индивидуални трошоци;

Потребни документи за виза:

  • Формулар за виза;
  • Биометриски пасош (валидност повеќе од 6 месеци);
  • 2 слики пасошки формат;
  • Копија од авиобилет;
  • Копија од ваучер;
  • Потврда за вакцинација против Жолта треска.