Маурициус - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Маурициус

Маурициус - парче од рајот

Датум: 01.12.2019– 10.12.2019 9дена / 8 ноќевања

Маурициус – парче од рајот што ги фасцинира сите што ја допреле неговата магија. Република Маурициус е островска држава во југозападниот Индиски Океан, на околу 900 километри источно од најголемиот африкански остров Мадагаскар. Освен островот Маурициус, како дел од територијата на Маурициус се и островите Св. Брендон, Родригез и Агалега. Островот е откриен во 1507 година од страна на португалски морепловци, кој никогаш пред тоа не бил населен со луѓе. Главниот град е Порт Луис, а официјален јазик е англискиот, кој исто така е основeн трговски јазик. Не помалку е распространет и францускиот јазик, којшто е основата за локалниот говорен креолски јазик. Месеците од мај до октомври се поладни, што е поизразено при ниската влажност отколку во намалување на температурите. Маурициус … таму каде што се мешаат минатото и сегашноста … таму каде што се воодушевувачки природните глетки и архитектонските знаменитости … таму, каде што плажите се бескрајни … каде што тиркизната вода нежно ги мие белите песочни брегови..

Ден 1:  01.12.2019    Скопје –Истанбул

Состанок на аеродромот во Скопје во 18:45 часот.Полетување во 20:40 часот.

Ден 2:  02.12.2019    Истанбул -Маурициус

Слетување во 00:20 часот во Истанбул. Краток престој на аеродромот, по што следи летот Истанбул-Маурициус со авиокомпанијата Turkish Airlines во 02:20 часот. Пристигнување на островот Маурициус во 13:15 часот по локално време. Пречек од претставник и трансфер од аеродромот до одбраниот хотел. Сместување во хотелот по 15:00 часот на соодветната база на исхрана според табелата. Ноќевање

Ден 3:  03.12.2019    Маурициус

Појадок. Слободно време за одмор и релаксација или дополнителни екскурзии. Покрај прекрасните плажи, белиот песок и топлите води, Маурициус нуди бројни можности за дополнителни активности, како нуркање, сурфање, голф, посета на природните паркови, ботаничките градини, sky diving, едрење со јахта и многу други.

Неочекувана средба со делфини – полудневна екскурзија – Уживајте во една неверојатна средба со делфини. Патување со моторен чамец и посета на островот Benitiers каде што ќе имате вкусен ручек. Уникатниот дел од искуството на оваа екскурзија е пливањето со делфини во нивната природна средина! Цена по лице: 95 EUR (од 1 до 3 лица)  – трансферот не е вклучен во цената

Ден 4:  04.12.2019    Маурициус

Појадок. Слободно време за одмор и релаксација или дополнителни екскурзии.

Полудневна ексурзија на главниот град Порт Луис (со доплата) – Обиколка на главниот град на островот Маурициус – прекрасниот Порт Луис, кој ќе ве однесе низ страниците на разнобојната историја и културната разновидност на островот. Религиозната разновидност е дел од културната традиција на островот. Светилиштата се отворени за љубопитните туристи – муслиманските џамии, кинеските пагоди, хиндуистичките храмови и христијанските цркви. Порт Луис е најголемиот град во Маурициус, како и економски и административен центар на островот. Веднаш покрај главниот плоштад можете да се прошетате долж најимпресивниот булевар – Place d’Armes, опкружен со кралски палми од двете страни. Можете да уживате во неколку прекрасни француски колонијални згради, особено на зградата на Владата и на општинскиот театар. Ќе имате слободно време за да ја посетите крајбрежната улица, како и трговски комплекс Le Caudan Waterfront. Живата крајбрежна улица нуди бројни можности – за шопинг, места за забава, ресторани со поглед на пристаништето Порт Луис. Крајбрежјето на Порт Луис е средиште на културниот живот во Маурициус. Цена по лице:  75 EUR

Ден 5:  05.12.2019    Маурициус

Појадок. Слободно време за одмор и релаксација или дополнителни екскурзии.

Целодневна екскурзија со катамаран По појадокот ќе заминеме на еден ден исполнет со сонце, пијалоци, вкусна храна, многу забава и релаксација, на крстарење со катамаран! Поради ваша погодност, Ви нудиме голем избор на крстарења до неколку дестинации, со неколку различни појдовни точки. На север, изборот е меѓу Gabriel Island и Flat Island. Можете исто така да видите делфини за време на едно од нашите крстарења на западниот брег. Друга можност е да одберете крстарење на источниот брег со посета на познатиот остров Ile aux Cerfs. Во текот на крстарењето ќе имате слободно време за нуркање, сончање и пливање. На катамаранот ќе можете да уживате во вкусен BBQ ручек со свежа риба, пилешко и избор на салати и леб со лук. Цена по лице: 95 EUR (вклучен ручек во цената) трансфер не е вклучен во цената

Ден 6:  06.12.2019    Маурициус

Појадок. Слободно време за одмор и релаксација или дополнителни екскурзии.

Седумте акробации / водопадите / со доплата / –  Имате можност да одите длабоко во   локалните шуми на јужен Маурициус – Les Sept Cascades. Буквално преведеното име значи “седумте водопади”, место кое е најпосакувано од локалното население за пешачење во бујното  зеленило. Транзицијата открива едни од најпредизвикувачките места, а на крајот на вашата прошетка ќе завршите со  ладење на изворите и водопадите. Ќе имате шанса да уживате во прекрасни панорамски погледи. Потоа ке се искучуваме по мала патека, од каде ке дојдеме  до седумте водопади. Цена по лице: 140 €(од 1 до 3 лица) 95 € (од 4 до 8 лица)

Ден 6:  06.12.2019    Маурициус

Појадок. Слободно време за одмор и релаксација

Ден 7:  07.12.2019   Маурициус

Појадок. Слободно време за одмор и релаксација

Ден 8:  08.12.2019    Маурициус

Појадок. Слободно време за одмор и релаксација

Ден 9:  09.12.2019    Маурициус-Истанбул

Појадок. Слободно време за одмор и релаксација

Ден 10:  10.12.2019    Маурициус-Истанбул

Појадок. Напуштање на собите во 12:00 часот и можност за користење на заедничките делови на хотелот. Трансфер до аеродромот за лет Маурициус-Истанбул со авиокомпанијата “Turkish Airlines” во 21:05 часот.

Ден 11:  11.12.2019    Истанбул-Скопје

Слетување на аеродромот во Истанбул во 06:05 часот по локално време. Краток престој, по што следи лет Истанбул-Скопје во 08:30 часот. Слетување во Скопје во 08:00 часот.

Услуга Пакетна цена од лице :
Laguna Beach Hotel & Spa
Standard Seaview Room
Полу пансион 1349€
Veranda Tamarin Hotel 3* Се Вклучено 1445€
Anelia Resort & Spa( flic en flac) 5*   Се Вклучено 1510€
Hilton Mauritius Resort and Spa 5* Полу пансион 1615€

Во цената е вклучено :

  • Авионски билет на релација Скопје-Истанбул-Маурициус-Истанбул-Скопје со Turkish Airlinesсo вклучен багаж до 30кг;
  • 8 ноќевања на соодветната база на исхрана во избраниот хотел од табелата за сместување во двокреветна соба;
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром;
  • Пречек на Маурициус од претставник на агенцијата партнер на англиски јазик;
  • Претставник од агенцијата доколку има пријавено 13 патници

Цената не вклучува :

  • Храна, пијалоци и услуги што не се споменати во програмата;
  • Факултативни излети
  • Задолжително патничко осигурување

*Цените се калкулирани на пријавени  16 патници, сите кои се заинтересирани Ве молиме да се пријават

Неопходни докумeнти:

  • Меѓународен пасош со важност минимум 6 месеци од датумот на враќање.
  • За деца под 18 години кои патуваат без родители – нотарски заверка со родителска дозвола за напуштање на земјата (оригинал и 1 копија). За деца, чии родители се со различни семејства, потребна е копија од извод на раѓање на детето, во кој се запишани и двата родители.

 

Дополнителни информации: 

  • Нема дополнителни визни, санитарни и медицински барања за патување до Маурициус.

Услови :

  • При резервација се плаќа депозит од 50%, а целосна уплата се прави 30 дена пред поаѓање.
  • Понудата е валидна за минимум 16 пријавени патници.
  • За ова патување не се потребни медицински имунизации.
  • Патничко осигурување

Рокови за отказ на аранжманот и пенали:

  • До45-тиот се задржува неповратниот депозит од50% од вредноста на аранжманот;
  • помеѓу 45-тиот и 36-тиот ден пред датумот на поаѓање се задржува 70% од вредноста на аранжманот;
  • помалку од 35 дена пред датумот на поаѓање се задржува 100% од вредноста на аранжманот.

Цената е дадена во евра и пресметана во денари, по курс 1 евро = 62 денари.