Валона - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Валона

ОСМИ МАРТ ВО ВАЛОНА

 (Со посета на Тирана)

 

  

06 Март (Сабота)                   СКОПЈЕ – ВАЛОНА

Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn”, во 01:30 часот. Тргнување за Валона во 02:00 часот. Се патува преку граничен премин Ќафасан со попатни паузи. Пристигнување во Валона и сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности: прошетка, шопинг… Ноќевање.

 

07 Март (Недела)                  ЗВЕРНЕК

Појадок. Слободно време за разглед на Валона. Можност за факултативна посета на манастирот Звернек, посветен на Пресвета Богородица, кој се наоѓа на многу мал и живописен остров, прекриен со борова шума. До него се доаѓа со пешачење по дрвен мост долг 270 метри што претставува незаборавно доживувањe и можност за фотографирање. Организирана вечера (факултативно) во ресторан. Ноќевање.

 

08 Март (Понеделник)         ВАЛОНА – ТИРАНА – СКОПЈЕ

Појадок. Поаѓање за Тирана и пристигнување во предпладневните часови. Панорамски разглед на градот: плоштадот Скендер – бег, булеварот на националните херои, старата џамија Аџи Елтем – Бег, парламентот…. Слободно време за прошетка. Поаѓање за Скопје со попатна пауза во еден од најголемите шопинг центри во Тирана – TEG Shopping Mall,  кој има преку 200 продавници и повеќе од 70 познати брендови. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

 

За уплата до 14 Февруари: 4.900 денари (79 евра)

Цена на аранжманот: 5.520 денари (89 евра)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Превоз со модерен туристички автобус

Сместување во хотел 3*/4* во Валона на база 2 ноќевања со појадок

Посета на Тирана и TEG Shopping Mall,  

Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Организирана вечера – 15 евра

Посета на манастиорот Звернек – 10 евра

Задолжително патничко – здравствено осигурување

 

Напомени:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 35 патници.

За овој програм важат Општите услови на патување на Импала Травел.

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00 денари.

Т.А.Импала Травел го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Во Албанија се патува со пасош или лична карта.