Белград и Нови Сад - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Белград и Нови Сад

БЕЛГРАД И НОВИ САД

 

 

05Март (петок)                СКОПЈЕ – БЕЛГРАД

Состанок на групата во 2.30 часот на паркингот спроти хотел „Холидеј Ин“, тргнување за Белград во 3.00 часот. Тргнување од Куманово ( Бензинска пумпа Макпетрол ) во 03.30 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за царински формалности.

Пристигнување во Белград во  утринските часови. Разгледyвање на градот со стручен локален водич: хотел Москва, Кнез Михајловата улица, Соборната црква, Булеварот на Револуцијата, Калемегдан… Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности. Можност за вечера во ресторан на Скадарлија. Ноќевање.

06Март (сабота)              БЕЛГРАД – НОВИ САД

Појадок. После појадокот (факултативно) тргнување за Нови Сад. Разглед на градот со стручен локален водич: Петроварадинската Тврдина, Стариот град, Музејот, црквата Св. Ѓорѓи, куќата на Милева и Алберт Ајнштајн… ручек во традиционален ресторан – Салаш, во центарот на градот. Враќање во хотел во Белград. Слободно време за прошетки и индивидуални активности.  Ноќевање.

07Март (недела)      БЕЛГРАД – СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотел. Тргнување кон Македонија, со попатна посета на трговскиот центар Ушќе. Слободно време до 15 часот. Патување со куси паузи за одмор и царински формалности. Пристигнвање во Скопје во вечерните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ    4.900 денари (79 евра)

 

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3***
  • Разгледување на Белград со стручен локален водич
  • Посета на трговскиот центар Ушќе
  • Придружник – пратител на групата за време на патувањето

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Целодневна посета, разгледување на Нови Сад со стручен локален водич и ручек во традиционален ресторан – Салаш, 1.550 мкд. (25 евра) за минимум 30 пријавени патници
  • Вечера во ресторан на Скадарлија 1.550 мкд.(25 евра)
  • Задолжително патничко-здравствено осигиривање
  • Туристичка такса 160 денари по ноќ по лице (се плаќа на рецепција)

 

 

Напомени:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници

За овој програм важат Општите услови на патување на СКТМ и Импала Травел.

Начини на плаќање:

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање. 

Општи напомени за патување:

ТА Импала Травел го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!

Пасошот треба да важи минимум 4 месеци од завршувањето на патувањето