Венеција - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Венеција

ВЕНЕЦИЈА - ФИРЕНЦА - ВЕРОНА - ПАЛМАНОВА

07.03 - 10.03.2019 (5 ДЕНА / 2 НОЌЕВАЊА)

ПРОГРАМА 

(07.03.2019 – Четврток) | Скопје – Венеција

Состанок на групата во договорено време и место од Скопје. Тргнување за Венеција и патувањето преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и цариснки формалности. Ноќно возење.

(08.03.2019 – Петок) | Верона – Лидо ди Јесоло

Пристигнување во Верона во претпладневните часови. Прошетка низ плоштадите Бра, Ербе и Данте, Арената, куќата на Јулија. Слободно време за прошетка по пешачката улица Мазини, и можност за шопинг. Не заборавајте и не пропуштајте добра Италијанска пица на плоштадот Бра. Поаѓање за Лидо ди Јесоло во попладневните часови. Сместување во хотел.Слободно време за одмор. Ноќевање.

(09.03.2019 – Сабота) | Лидо ди Јесоло – Фиренца

Појадок. Слободен ден или можност за факултативна посета со локален водич на главниот град на Тоскана и престолнината на ренесансата – Фиренца: Црквата Санта Кроче, Катедралата Дуомо, звоникот и крстилницата, Палатата Векио и репликата на Микеланџеловиот Давид, Галеријата Уфичи, Мостот Понте Векио, Палатата Пити. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

(10.03.2019 – Недела) | Венеција – Палманова – Скопје

Појадок. Напуштање на собите. Заминување за Венеција. Превоз со брод од пристаништето Пунта Сабиони до Венеција. Прошетка низ Заспаната убавица од средниот век, плоштадот и црквата Сан Марко, мостот Риалто, мостот на воздишките, Дуждевата палата, каналот Гранде…Слободно време за индивидуални прошетки. Убаво е да се искачите на кулата звоник од каде има прекрасен поглед на цела Венеција и секако возете се со гондола низ каналите на Венеција, посетете ја Дуждевата палата и црквата Св.Марко.Во договор со водичот поаѓање кон Скопје. Попатна пауза во Палманова, доколку времето дозволува, можност за шопинг и кафе пауза.Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

(11.03.2019 – Понеделник) | Македонија

Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ - 119 € (7.380 МКД)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ - 139 € (8.618 МКД)

*Можност за плаќање на рати без камата!!!

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација;
  • Сместување во хотел со 3* во Лидо ди Јесоло на база 2 ноќевања со појадок;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Посета на Верона – 10 € (превоз и разглед со претставник од агенцијата) – задолжителна факултатива;
  • Разглед на Венеција со локален водич + превоз со брод на релација Пунта Сабионе – Венеција – Пунта Сабиони – 20 €;
  • Посета на Фиренца – 45 € (превоз + локален водич) – минимум 30 патника;
  • Туристичка такса која се плаќа во хотел (1 € по лице по ноќ, се плаќа во агенција);
  • Влезници за музеите и културно – историските споменици.

Општи напомени:

  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Импала Травел