Малта - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Малта

Медитеранскиот бисер

 МАЛТА

07 март                  СКОПЈЕ – МАЛТА

Состанок на група на аеродром Скопје во 16.30 часот . Полетувањето е во 18:20 часот. Слетување на аеродром во Малта во 20:05 часот. Трансфер од ародром до хотел. Сместување. Слободно време. Ноќевање.

08 март                  МАЛТА

Појадок. Заминување за разглед на главниот град на Малта – Валета, изграден од Витезите на Св.Џон, чие културно наследство се открива пред вас како што ќе се движите по самите улици на градот. Прошетка низ сликовитите улички се до Градините “Barracca” од каде што има панорамски поглед на Големиот Залив и на Трите Града. Посета на богато украсената Катедралата и музеј на Св. Џон (влазница 10евра), дом на светски познатите уметнички ремек дела од Караваџо и Матија Прети. По посетата на Валета попатно кон Мдина, посета на фабриката за стакло Mdina Glass во Ta’Qali, каде што ќе имате можност да ја видите специфичната техника на изработка на дувано стакло.  Во попладневните часови Факултативна екскурзија до Мдина – стариот средновековен главен град на Малта, наречен Тивкиот Град. Прошетка низ тесните поплочени улички, rазглед на познатите градини Св.Антони, Претседателската Палата… Враќање во хотел. Ноќевање.

09 март                  ГОЗО

Појадок. Целодневна факултативна посета на островот Гозо (Calypso’s Island), вториот најглем остров во Малтешкиот архипелаг. Пред пристигнување во пристаништето Cirkewa, со можност за кратка посета на Светилиштето на Пресвета Богородица на Mellieha. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј на нејзиниот остров. Посета на пештерата на Калипсо во Рамла Хамра заливот и прекрасните плажи. Панорамски разглед на Викториа (Рабат), главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi… Попладне враќање во хотел.  Слободно време. Ноќевање.

10 март                  ТРИТЕ ГРАДА         МАЛТА – СКОПЈЕ

Појадок. Полудневна факултативна посета на трите града Senglea – Isla, Vitoriossa – Birgu, Cospicua Bormla – најубавите историски места на Малта каде ќе дознаеме повеќе за културата на живеење на малтежаните. Conspicoua пред 18 век бил познат како Bormla, име кое се уште е во употреба. Нејзините бедеми се конструирани за заштита на градот и неговите соседи Vittoriosa & Senglea. Биле изградени од страна на витешкиот ред на Малта. Посета на Vittoriosa, гратче идеално лоцирано за засолниште, познато по својата трговска, морска и воена активност. Senglea или Isla L’Isola (остров), е наречен во време на витешкиот ред. Овој локалитет е еден од најстарите градови во Малта кои датираат од 16 век. Изобилува со ботато наслетство од страна на витешкиот ред на Св.Џон. Во попладневните часови (околу 13.30 часот) организиран трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 15.55 часот. Слетување во 17:35 часот.

 

Цена за уплата до 21.02.2020

249 евра (15.440 мкд)

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ

299 евра (18.540 мкд)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на наведената релација Скопје – Малта – Скопје со WizzAir
  • Рачен багаж со димензии 40 х 30 х 20 цм до 8кг
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром во Малта.
  • Сместување во хотел 3* на база 3 ноќевања со појадок
  • Организиран разглед по програмата на Валета
  • Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето

 ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Аеродромски такси по лице се 3.700 мкд
  • Доплата за кабински багаж до 10кг -2.500 мкд /  чекиран багаж – куфер до 10кг – 2.500 мкд *(цената е променлива, инфо во агенција при резервација)
  • Факултативна посета на Мдина – задолжително 15 евра
  • Влезница за Св.Џон 10 евра – се плаќа на влез, на лице место
  • Факултативна посета на Гозо 55 евра
  • Факултативна посета на Трите Града 40 евра
  • Туристичка такса 750 мкд – се плаќа во агенција
  • Влезници за културно историските музеи
  • Патничко осигурување
  • Долата за еднокреветна соба 5.600 мкд

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници.   За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи. 

За факултативните излети задолжително е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.  

За овој програм важат Општите Услови на патување на  Импала Травел.

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

Начини на плаќање:

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд.  При резервација на аранжманот се уплаќа 30% од износот на аранжманот како авансна уплата (важи и за цената во предпродажба). Остатокот од аранжманот се доплаќа 7дена пред поаѓање. 

Општи напомени за патување:

Т.А.Импала Травел го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот 7 дена пред поаѓање.

За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. 

Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на распоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.                  

 Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Авионски билет на релација: Скопје – Малта – Скопје;
  • Трансфер на релација: аеродром – хотел – аеродром на Малта;
  • Сместување во хотел со 3* на Малта – 3 ноќевања со појадок;
  • Мала кабинска торба со димензии 40 x 30 x 20 cm;
  • Туристички придружник од страна на агенцијата за време на целото патување;
  • Професионална организација на аранжманот;

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Аеродромски такси 3.720 денари;
  • Доплата за куфер од 23 kg;
  • Туристичка такса 0.5 € на ден (се плаќа во хотелот на рецепција);
  • Факултативен излет на Валета и центарална Малта (трансфер + локален водич) – 55 €;
  • Целодневен факултативен излет на островот Гозо (трансфер + локален водич) – 60 €;
  • Факултативен излет – посета на Popeye Village (трансфер + придружник од агенцијата) – 25 €;
  • Во цената на факултативните излети не е вклучен ручек;
  • Индивидуални трошоци;
  • Депозит од 50 евра по соба во случај на оштета или неплатени услуги кон хотелот – користење мини бар и слично (повратен при заминување од хотелот);
  • Патничко – здравствено осигурување;

Општи напомени:

  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 11.06.2019 година;
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.

Пријавување за факултативи во агенција, најдоцна до 01.02.2019 и минимум 20 пријавени за сигурна реализација

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А.Импала Травел.