Барселона - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Барселона

Барселона

(06.03.2020 – 09.03.2020)

Авион / 4 Дена / 3 ноќевања

Барселона – космополитски главен град на Каталонија, град на брегот на Средоземното море.  Прошетајте по улиците на градот во кој Гауди остави личен печат, воодушевете се од неговите ремек дела, црквата Саграда фамилијаа и притоа ќе имате впечаток дека сте заталкале во бајка… Задолжителна е посета на парк Гуел од каде се нуди незаборавна глетка на Барселона... Каса Батло, Ла Педрера, Газа Фуел… Потоа по познатата улица Лас Рамблас до самиот крај каде Ве пречекува статуата на Колумбо свртена кон морската шир… Да не се заборави и уживањето во шпанската кујна, тука се бројните ресторани, барови и дискотеки

06 март                  СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА

Состанок на групата на аеродромот Александар Велики во 16:20 часот. Полетување за Барселона во 17:50 часот. Пристигнување во Барселона во 20:35 часот. Организиран трансфер до хотел. Сместување. Ноќевање.

07 март                 БАРСЕЛОНА

Појадок. Организиран панорамски разглед на градот: поаѓање од хотел во 09.30 часот – булеварот Дијагонал – главната авенија која Барселона ја дели на два блока источен и западен, готската Катедрала Саграда Фамилија, плоштадот Каталонија – централниот плоштад, точката каде стариот град се сретнува со новиот, во продолжение се протега зелената авенија Рамбла, споменикот на Колумбо, Олимпиското пристаниште, ридот Мон Жуик, Олимпискиот стадион и спортската палата, стоп пред стадионот Камп Ноу, можност за фотографирање и пазарење од Фан Шопот на ФК Барселона (без влез), плоштадот Шпанија, прекрасните Магични фонтани… Можност за факултативна посета на Аквариумот – еден од најголемите и најубавите аквариуми во Европа. Слободно време за шопинг во познатиот шопинг центар Maremagnum. Ноќевање.

08 март                 БАРСЕЛОНА (факултатива: Фигерас + Герона)

Појадок. Факултативна посета на Фигерас со Герона поаѓање од хотел во 09.30 часот  – препорачуваме целодневна посета на Фигерас каде се наоѓа музејот на Салвадор Дали, што е предизвик за сите љубители на уметноста и оние кои сакаат да видат нешто потполно оригинално. Место во кое е роден и цел свој живот творел Дали, и насекаде може да се забележи Далиевото влијание. Сите негови дела прикажани на посебен начин и на посебно место ја прикажуваат  неговата генијалност. Музејот во кој може да се види најголемата и најразновидната колекција, скулптури, 3Д колажи, како и приватно колекции на Дали од други уметници. Попатно на враќање посета на убавото, живописно градче Герона, кој се наоѓа на североисток на Шпанија непосредно до Француската граница. Прошетка низ историскиот центар на градот, неговата тврдина изградена како систем на одбрана во римскиот период, катедралата која се наоѓа во срцето на тврдината, колористичниот куќички на брегот на реката Onyar…. Ноќевање.

09 март                 БАРСЕЛОНА   – СКОПЈЕ

Појадок. Факултативно, посета  на Шпанското село кое ја обединува и прикажува разноликоста на архитектурата на Шпанија. Прошетката продолжува кон паркот “Гуел” – ремек дело на познатиот шпански архитект Антони Гауди, препознатлив по својата уникатност, денес е дел од листата на светското културно наследство под заштита на UNESCO. Трансфер до аеродром, поаѓање околу 18.00 часот. полетување за Скопје во 21:15 часот. Пристигнување во Скопје во 23:55 часот по полноќ.

 

ЦЕНА ВО ПРЕДПРОДАЖБА ДО 05.02.2020

329€  (20.400 мкд)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ

379€   (23.500 мкд)

 ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација Скопје-Барселона-Скопје
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см)
  • Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром во Барселона
  • Сместување во хотел 3* во  Барселона на база 3 ноќевања со појадок 
  • Организиран разглед на Барселона според програмата со вклучен трансфер
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Аеродромски такси 3.700 мкд
  • Кабинска торба 10 кг  (димензии 55х40х23см) 2.000 мкд, *(цената е променлива, инфо во агенција при резервација)
  • Багаж за чекирање ( 1 куфер до 10кг) –  2.400 мкд * (цената е променлива, инфо во агенција при резервација)
  • Багаж за чекирање (1 куфер до 20кг) – 3.200 мкд* (цената е променлива, инфо во агенција при резервација)
  • Доплата за еднокреветна соба 6200 денари.
  • Туристичка такса (околу 1€ по лице, на ден) – се плаќа во хотелот на рецепција.

 ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:

  • Аквариум 20 евра
  • Посета на Парк Гуел, Шпанско село 50 евра (превоз и влезници)
  • Посета на Фигерас и Герона 60 евра – ЦЕЛОДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА
  • Фламeнко шоу со пијалок 40 евра
  • Влезницa за Камп Ноу 28 евра – САМО БИЛЕТ,
  • Билети за јавен превоз со метро

НАПОМЕНИ:

  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ.
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.

ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СО ПОНИСКА ЦЕНА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА НА 30% ОД ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ!