Виена - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Виена

Виена

(06.03.2020  – 10.03.2020)

Автобус / 5 дена / 2 ноќевањa

 06 Март (петок)                              СКОПЈЕ – ВИЕНА

 Состанок на групата на паркингот спроти Хотел Holiday Inn во 15.00 часот. Тргнување за Виена во 15.30 часот. Се патува преку граничен премин Табановце и Србија, Унгарија. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.

07 Март (сабота)                               ВИЕНА

Пристигнување во Виена во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: Рингштрасе, Катедралата Св. Стефан и Штефанплац, Бургтеатар, Музејскиот кварт, Палатата Хофбург, Дворецот Белведере (без влез), Операта, Гратското Собрание Ратхаус, Парламентот, Универзитетот… Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање.

08 Март (недела)                          ВИЕНА – ВИЕНСКИ ШУМИ

Појадок. Факултативна можност за полудневен излет Виенски Шуми, со посетa на најголемото подземното езеро Зегроте, некогашниот рудник каде била фабриката за авиони на Хитлер. Потоа се продолжува кон манастирот Хајлигенкројц и завршува во  живописниот град Баден, во подножјето на виенските шуми и царските бањи. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

09 Март (понеделник)                   ВИЕНА – ШЕНБРУН

Појадок. Факултативна посета на Кралскиот Дворец Шенбрун, летната резиденција на Хабзбуршката монархија, кој говори за животот на многу познати личности како Франц Џозеф , Марија Антоанета и др. Посетен од милиони туристи годишно, палатата заедно со неговите градини е една од најголемите туристички атракциии во Виена. Слободнo време за прошетка по познатата улица Mariahilfer  strasse и центарот на Виена. Во договорено време заминување за Скопје. Ноќно возење со попатни паузи за одмор ицарински формалности.

10 Март (вторник)                         СКОПЈЕ

Пристигање во Скопје во предпладневните часови.

 

Цена: 129€ за резервации до 31.01.2020

ЦЕНА НА АРАНЖМАН:

8.620 денари (139 евра)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација
  • Сместување во Хотел 3*  во Виена на база 2 ноќевања со појадок
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Организиран разглед на Виена 10 еур ( задолжителна доплата)
  • Виенски Шуми 30 еур  ( полудневен излет  за мин. 25 пријавени лица)
  • Посета на Шенбрун со вклучена влезница 30 евра
  • Задолжително патничко-здравствено осигурување
  • Влезници во музеите и културно – историските споменици
  • Доплата за еднокреветна соба 3.100 ден

Напомени:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници
  • За овој програм важат Опшите Услови на патување на Импала Травел
  • Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд
  • Т.А.Импала Травел го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл. 
  • Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето