Париз - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Париз

Париз

(20.03.2020 – 23.03.2020)

Авион /4 дена /3 ноќевања 

 

20 Март                СКОПЈЕ – ПАРИЗ

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 15.45 часот. Полетување за Париз во 17.45 и пристигнување во Париз во 20.45 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотелот. Сместување во хотел. Слободна вечер. Ноќевање.

21 Март                ПАРИЗ – Лувр

Појадок. Панорамски разглед на Париз: Големите булевари, мостовите на Сена, плоштадот Конкорд, Елисејските полиња, Триумфалната Капија, плоштадот Вандом, Операта Гарние, плоштадите Република и Бастиља, Латинскиот кварт, Универзитетот Сорбона, паркот Луксембург… Организирана посета на еден од најбогатите светски музеи – импресивниот Лувр, резиденција на француските кралеви, се до нивното преселување во дворецот Версај (превоз со метро). Посета на најпознатата светска колекција на уметнички дела, меѓу кои и Да Винчиевата славна Мона Лиза, античката скулптура Венера Милоска и сплавот на медузите… Препорачуваме романтично крстарење со брод по Сена, под 24-те париски мостови со прекрасен поглед кон знаменитостите од друга перспектива. Ноќевање.

22 Март                ПАРИЗ – Версај

Појадок. Факултативна посета на ремек делото на францускиот класицизам, величенствениот дворец Версај, една од најлуксузните кралски палати во Европа. Прошетка по кралските апартмани, прочуената сала со огледала, прекрасните градини на “Кралот на Сонцето” Луј XIV, многубројните фонтани, скулптури и прекрасни фигури од зеленило… Во попладневните часови, посета на Ајфеловата Кула и можност за уживање во панорамската глетка кон Париз од третиот кат (со метро). Ноќевање.

23 Март                ПАРИЗ – СКОПЈЕ

Појадок. Посета на Катедралата Нотр Дам во најстариот дел од Париз. Продолжуваме кон модерниот бизнис центар Дефанс, пршетка до квартот Сан Мишел и живописниот Латински кварт. Прошетка до плоштадот на уметниците Монмартр и Базиликата Sacre Couer која Парижани ја нарекуваат “белата гулабица”. Одиме до квартот Пигал, познат по бројните кабареа, меѓу кои и светски познатиот Mouline Rouge. Организиран трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 21.15,  пристигнување во 23.55 часот.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

349 евра (21.640 денари) до 21.02.2020

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација Скопје – Париз – Скопје
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см)
  • Организирани трансфери на релација аеродром – хотел – аеродром
  • Сместување во Хотел 3* во Париз на база 3 ноќевања со појадок
  • Оганизиран разглед на Париз
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Аеродромски такси 3.990 денари
  • Голема кабинска торба (димензии 55х45х25см) 950 ден. Чекиран багаж: 1 куфер до 10кг = 3.300 ден
  • Посета на Версај 50 евра (вклучена влезница за дворецот, БЕЗ градините, резервација при уплата на аранжманот)
  • Влезница за Ајфелова Кула до третиот кат 35евра,
  • Крстарење со брод по Сена 20 евра
  • Посета на Лувр (вклучена влезница, резервација при уплата на аранжманот) 40 евра
  • Карти за јавен превоз
  • Патничко-здравствено осигурување

Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници.
  • За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи.
  • За факултативните излети задолжително е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.
  • За овој програм важат Опшите Услови на патување на Импала Травел.
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

Начини на плаќање:

  • Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд.
  • При резервација на аранжманот се уплаќа 30% од износот на аранжманот како авансна уплата (важи и за цената во предпродажба). Остатокот од аранжманот се доплаќа 7дена пред поаѓање. 

Општи напомени за патување:

  • Т.А.Импала Травел го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на распоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите  предвиден за посета и сл.