Рим – Срцето на Италија, град на седум рида, најголем и најброен град во Италија… според легендата основан од Ромул и Рем во 753 год. п.н.е. Во современиот живот на градот се преплетуваат историјата и архитектурата, стари повеќе од 3000 год., па затоа овој град е единствен, неповторлив и не личи на ниедна друга метропола во светот… и со право го носи името Вечен Град. Историјата на градот ја создавале императори, папи, цареви и конзули, а изгледот му го дале најеминентните архитекти и уметници. Рим ќе Ве опчини со величенствените антички монументи, триумфални порти, раскошни дворци, колоритни плоштади, ренесансни фонтани, романтични фасади, Колосеумот… стариот дел на градот е вистински музеј на отворено. Сите патишта водат кон Рим!
1 ден 06.03.2025 СКОПЈЕ – ДРАЧ – БАРИ – РИМ
Состанок на групата во 09:00ч на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски… Поаѓање во 09:30ч.Се патува преку Албанија гр.Ќафасан кон Драч. Сместување на брод. Бродот испловува во 22:30ч. Ноќно возење кон Бари.
2 ден 07.03.2025 БАРИ – ПОМПЕЈА – НЕАПОЛ – РИМ
Пристигнување во Бари во 08:00ч. Продолжуваме кон Рим, предлагаме факултативна посета на античкиот град Помпеја кој бил комплетно уништен и затрупан под пепел по катастрофалната ерупција на вулканот Везув во 79 г. Потоа одиме на прошетка низ Неапол: Плоштадите Данте и Белини. Пристигнување во Рим во вечерните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден 08.03.2025 РИМ – ТИВОЛИ
Појадок. Предпладне предлагаме разглед на Рим со локален стручен водич: плоштадот на Републиката, Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот форум, Виа Дел Корсо, Фонтана Ди Треви, Виа Венето, мостовите на Тибар, црквата Св.Петар, Колосеумот… Потоа предлагаме прекрасен факултативен излет до Тиволи. Посета на волшебните паркови и фонтани на вилата Д’Есте. Враќање во Рим. Слободно попладне за ручек, кафе и индивидуални активности… Ноќевање.
4 ден 09.03.2025 РИМ – ВАТИКАН – ROME BY NIGHT
Појадок. Предпладне посета на Ватикан и Ватиканските музеи, Црквата во Ватикан, Сикстинската Капела, Катедралата Св.Петар со локален водич. Слободно време за индивидуални прошетки и активности во центарот на Рим… Предлагаме и вечерна прошетка Roma by night ( панорамска со автобус)… Враќање во хотел. Ноќевање.
5 ден 10.03.2025 РИМ – АРБЕЛОБЕЛО – БАРИ
Појадок. Одјавување од хотел. Заминуваме на факултативна посета на Арбелобело. Во самото срце на Пулија, се наоѓа сликовитото гратче Алберобело, познато по карактеристичните бели куќички со конусни кровови, познати како трули, заштитен знак на Арбелобело но и на целата регија… куќи направени од варовник со кровови во облик на купа и целото село потсетува на селото на Штрумфовите. Со својата единствена и уникатна архитектура Алберобело се наоѓа на листатa на УНЕСКО. Куќите се градени на начин да можат многу брзо да се демонтираат за да се избегне феудалниот порез… кога кралевите порезници ќе заминат, преку ноќ се граделе нови куќички. Слободно време за индивидуални прошетки. Во договор со водичот заминуваме кон Бари. Следи процедура за качување на брод. Ноќно пловење.
6 ден 11.03.2025 СКОПЈЕ
Очекувано пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
НАПОМЕНИ:
N