Авион / 4 дена / 3 ноќевања
Рим, не бил изграден во еден ден – и ќе ви треба повеќе од еден ден да го доживеете овој безвременски град . Вистински колаж на плоштади, пазари на отворено и неверојатни историски локалитети. Скоро 3.000 години глобално влијателна уметност, архитектура и култура… Античките рушевини, Форумот и Колосеумот, ја прикажуваат моќта на поранешната Римска империја… Ватикан, седиштето на Римокатоличката црква, со базиликата на Свети Петар и музеите на Ватикан, во кои се сместени ремек-делата на Микеланџело… Фонтана Ди Треви и фрлена паричка за среќа… Шпанските скали…
08. Март (Сабота) СКОПЈЕ – РИМ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 15:15 часот. Полетување за Рим во 16:50 и слетување во 18:45 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Вечерна прошетка во центарот на Рим и уживање во атмосферата на римските кафулиња. Ноќевање.
09. Март (Недела) РИМ
Појадок. Прошетка до Шпанските скали познати како “дневна соба на градот” со посета на Плоштадот на Народот. Прошетката продолжува до Фонтаната Ди Треви со легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим. Слободно време за уживање, да се почувствува атмосферата со “вистинско” италијанско кафе. Попладневна прошетка низ центарот на Рим и уживање во убавините на градот: Плоштадот Венеција со прекрасниот Плоштад Кампидољо, Црквата Св. Петар во ланци со статуата Мојсие – познатото дело на Микеланџело, Колосеумот, Римскиот Форум, Пантеон, Плоштадот Кампо де Фиори… Слободно време за шопинг по познатата улица Виа Дел Корсо. Ноќевање.
10. Март (Понеделник) ВАТИКАН
Појадок. Факултативна посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхитувачките колекции на слики, скулптури, стари мапи и таписерии, незаобиколната Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело со уникатни ремек дела и најголемата Црква на светот Св. Петар… Попладневна прошетка преку мостовите на Тибар покрај Палатата на Правдата и Тврдината Сан Ангело, до Плоштадот на уметниците со прекрасните фонтани – Плоштадот Навона. Препорачуваме вечера во боемскиот кварт Трастевере во национален ресторан – траториа, со мени од италијанската кујна. Ноќевање.
11. Март (Вторник) РИМ – ТИВОЛИ – СКОПЈЕ
Појадок. Факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Д’Есте. Ренесансната палата е единствена по своите илјада фонтани, а најубавите од нив имитираат звуци на птици и музички инструменти. Трансфер до аеродромот во Рим. Полетување за Скопје во 19:10 и слетување во 20:50 часот.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Напомена:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
За овој аранжман важат Опшите услови за патување на СКТМ
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
A