Ница - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Ница

Ница

Монако – Монте Карло – Кан 

 

07.03.2025 – 10.03.2025 | 3 ноќевања / 4 дена 
Авионска програма со лет од/до Тирана  ✈

Ве водиме на незаборавно патување со колоритни предели и неверојатно убави градови… Не ја
пропуштајте можноста да уживате во мирисот на ловори, маслинки, море, јасмин и парфем во воздухот… Сето тоа зачинето со неверојатни приказни и сцени кои ќе Ви го одземат здивот… Кан – монденски центар познат по својот престижен филмски фестивал, Ница – Кралица на Азурниот брег, сместена во заливот на Ангелите, кнежеството Монако со романтичната приказна за една љубов и секако Монте Карло и неговите луксузни коцкарници. Уживајте во магијата на Азурниот брег – најпрестижната ривиера на Медитеранот, која е створена да ги заведе очите, умот и фантазијата…

 

Авионски лет: Wizz Air ( Тирана – Ница – Тирана) / превоз од/до Тирана
Поаѓање: 07.03.2025 во 18:30ч. (Тирана)
Пристигнување: 07.03.2025 во 20:40ч. (Ница)
Услуга/Сместување 3 ноќевања со појадок – 3 BB / хотел 4* во центарот на Ница
Друго вклучено: Трансфери + paзгледи според програма + претставник од Македпнија

Пристигнување:

Враќање во Скопје:

10.03.2025 во 23:10ч. (Тирана)

11.03.2025 вп рани утрински часпви

 

1 Ден 07.03.2025 (Петок)  СКОПЈЕ – ТИРАНА – НИЦА
Состанок на групата на Дрводекор согласно претхпдно договорено време (околу 10:00 часот) и поаѓање кон Тирана во 10:15 часот. Пристигнување на аеродромот во Тирана два часа пред лет. Лет кон Ница во 18:30 часот и слетување во 20:40 часот. Трансфер до хотел и сместување. Ноќевање.

2 Ден 08.03.2025 (Сабота) НИЦА – МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО – НИЦА 
Појадок. Слобпден ден за индивидуални активнпсти и прпшетки или предлагаме факултативна посета
со железница на Монако – втората најмала независна држава после Ватикан, кој се наоѓа на брегот на
Средоземното Море со вкупна површина од само 2 квадратни килпметри и претставува уставна монархија и кнежевство. Монако е името на државата и на единствениот град во државата. Бидете дел од оваа луксузна бајка, прошетајте низ самата патека каде што се пдржува најпознатата трка Фпрмула 1 за Гран При. Можност да ја видете Палатата на принцпт на Монако и официјалната резиденција на монархот, Музејот Наполеон, Катедралата на Монако, казиното.. Посета на Монте Карло – омиленото место на многу славни ликови. Претставува административна област на Кнежевството Монако. Овој град е домаќин на најголемото европско финале во покер, бројни боксерки мечеви и многубројни модни гламурозни случувања. Можност за индивидуална посета на океанографскиот институт, кралската палата, градското собрание и стариот град. А за оние што сакаат возбудливост, адреналин и ризик – можност барем еднаш да влезете во најпознатото казино во светот – Казиното Монте Карло. Слобпдно време за индивидуални активнпсти прошетки и шппинг. Враќање со железница во договореното време во хотелот . Ноќевање.

3 Ден 09.03.2025 (Недела) НИЦА – АНТИБ – КАН – НИЦА 
Појадок. Факултативна посета со железница на Антиб и Кан. Антиб – прошетка низ градот кој претставува бисер на Медитеранот и едно од најстарите утврдувања на Азурната обала.Во градот доминира тврдината Fort Kare во чие подножје се наоѓа познатата ексклузивна марина. Овде се наоѓа и музеј со една од најдобрите колекции на Пабло Пикасо. Продолжуваме кон Кан – прекрасна прпшетка по крпасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, Марината. Посета на стариот дел на градот, тврдината и црквата Notre Dame De Esperance. Слобпдно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 Ден 10.03.2025 (Понеделник) НИЦА – ТИРАНА
Појадок. Пешачки разглед на градот со локален водич: стариот град, најатрактивниот пазар на цвеќињата, најголемиот плоштад во Масена и шеталиштето Променаде Де-Англ (прочуеното Англиско шеталиште, долго 5 км, место на кое Ница му должи за својата слава и популарнпст. Најпознатата градба на шеталиштето е Гранд Хотел Негреско 5* изграден во 1912 година. Разглед на Плоштадот Масена (од каде започнуваат сите големи булевари, кој многу потсетува на северноиталијанските градови и каде се одржува карневал), Градската куќа (Hotel de Ville)… Слободно време. Трансфер од хотел до аеродромот во Ница. Лет за Тирана во 21:15 часпт. Слетување в0 Тирана во 23:10 часот. 

5 Ден 11.03.2025 (Вторник) ТИРАНА – СКОПЈЕ

По завршување на пасошка и царинска контрола организиран трансфер до Скопје. Очекувано пристигнување е во раните утрински часови.

 

НИЦА – Монако – Монте Карло – Кан

АВИОНСКА ПРОГРАМА

ХОТЕЛ 4*

ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ

07.03 – 11.03.2025

УСЛУГИ

3 Ноќевања со појадок (3ВВ)

НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ

3Н / 4Д

Цена по лице во двокреветна соба

599€ / 37.140 мкд

Early Booking цена по лице за резервации до 15.Јануари 2025

569€ / 35.280 мкд

Доплата за еднокреветна соба

165€ / 10.230 мкд

Попуст за дете до 11,99 год. ***

-75€ / -4.650 мкд

Попуст за трето возрасно лице (12+ г.) (*** на барање, доколку има расположливост)

-30€ / – 1.860 мкд

 

Вo цената е вклученo:

  • Трансфер од Скопје до аеродром во Тирана и назад,
  • Авионски превоз на релација Тирана – Ница – Тирана со Wizz Air
  • Аеродромски такси
  • Рачен багаж со димензии (40cm x 30cm x 20 cm) макс.8 кг
  • Трансфер од аеродром Ница до хотел вп Ница и обратно;
  • Сместување во хотел 4*на база 3 ноќевања со појадок во центарот на Ница;
  • Организиран разглед во Ница со локален водич,
  • Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето

 

Во цената НЕ е вклучено:

  • Патничко здравствено псигурување.
  • Допплнителни оброци и пијалоци.
  • Туристичка такса во Ница – 3 евра од ноќ по лице (се плаќа во хотел на рецепција).
  • Доплата за багаж (цените се променливи, информации во агенција):
  • Чекиран куфер (1 куфер до 10 кг.)
  • Чекиран куфер (1 куфер до 20 кг.). – WIZZ Priority + 1 small bag
  • Влезници за локалитети ( пр. казиното Монте Карло)
  • Факултативни посети, излети и влезници за локалитети ( пр. Влез во казиното Монте Карло).

Факултативи:

  • Факултативна посета на Антиб и Кан – 75€ (локален водич на англиски јазик и карти за воз)
  • Факултативна посета на Монако и Монте Карло – 85€ (локален водич на англиски јазик и карти за воз)

ЗАБЕЛЕШКИ:

  • За реализација на аранжманот, потребен е минимален број од 20 патници. Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да гп откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот.
  • Минимален број за реализација на факултативите оп дадените цени во програмата е 15 патници, во спрптивно цената може да биде соодветно корегирана.
  • Како би се направиле навремени резервации и осигурала реализација на факултативните излети, изјаснување и пријавување за истите задолжително е да се направи во агенција пред почеток на аранжманските услуги.
  • За резервација задолжителна уплата на аванс од 40% од вкупниот износ. За уплати на “early booking” потребна е уплата 50% од вкупната сума на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 14 дена пред поаѓање.
  • Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените за факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците во локалитетите.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
  • Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се да ги приложат во агенцијата за проверка, патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот.
  • Организаторот гп задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.
  • За оваа програма важат Општите Услпви на Патување на Импала Травел.

AU