Златибор - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Златибор

ЗЛАТИБОР

со посета на Сирогојно и Дрвенград

06 Декември(петок) СКОПЈЕ – ЗЛАТИБОР

Состанок на групата на Дрводекор во 23.00 часот, поаѓање во 23.30 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце со попатни паузи. Ноќно возење.

07 Декември (сабота) ЗЛАТИБОР

Пристигнување во Златибор во утринските часови. Слободно време за прошетка низ градот. Околу пладне сместување во хотел. Во договорено време заминување кон етно село Сирогојно. Посета на музејот на отворено и специјализирана продавница за рачни ракотворби изработени од волна, по кои Сирогојно е познато низ светот. ВечераНоќевање.

08 Декември (недела) ДРВЕНГРАД

Појадок. Факултативна посета  на Дрвенград (доколку дозволуваат временските услови) едно од делата на Емир Кустурица специјално конструиран за снимање на филмот “Животот е чудо”.  Во попладневните часови враќање во Златибор. ВечераНоќевање.

09 Декември (понеделник) ЗЛАТИБОР – СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотел. Слободно време за прошетка низ центарот на Златибор и пазарот за сувенири и за добро познатата златиборска пршута и кајмак. Тргнување за Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

Цена за рана уплата до 15.11.2019:  7.380 денари

 Цената на аранжманот вклучува:

  • Превоз со високо туристички автобус на наведена релација
  • Сместување во хотел МIR со 4**** на база 2 полупансиони (www.hotelmirzlatibor.rs)
  • Посета на Сирогојно
  • Организација и придружник на патувањето
     

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Посета на Дрвенград  10 евра  (доколку дозволуваат временските услови)
  • Влезница во музејот во Сирогојно – 150 динари ( околу 80 денари)
  • Влезница во Дрвенград 250 динари ( околу 120 денари)
  • Туристичка такса 2.5 евра по лице, се плаќа на рецепција на хотелот
    Доплата за 1/1 соба 3.300 денари
  • Задолжително патничко осигурување

Напомени:
       За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.

  • За овој програм важат Опшите Услови на патување на Импала Травел.
  • Цената на аранжманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд
  • Т.А.Импала Травел го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на редоследот на активностите по програмата за патување, како и во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и сл.  

Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето !!!!