Верија-Лутраки-Воден - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Верија-Лутраки-Воден

Декември во Грција пред моштите на Свети Климент Охридски

(08.12.2018 – 09.12.2018)

Прв ден: 08.12.2018 (сабота)

 04.00 часот. Заминување на групата  од Скопје и во 05.30 часот од Кавадарци (пред туристичките агенции  „Атлантик Турс“)  кон  Грција со туристички автобус преку граничниот премин ЕвзониПристигнување во Верија во претпладневните часови. Организирана посета на манастирот „Свети Јован Претеча“ во Верија каде веќе седум века се наоѓа черепот на сесловенскиот светец Климент Охридски (најголемиот дел од моштите на Свети Климент Охридски се чуваат во манастирот „Свети Пантелејмон“ на Плаошник). Според сознанијата, во моментот кога  турските освојувачи го претвориле овој храм во џамија, двајца монаси го зеле неговиот  череп и го однеле во  манастирот „Свети Јован Претеча“  сместен на височините на планината Пиерија каде Свети Климент Охридски се замонашил. Благодарение на добрите односи меѓу Грчката и Бугарската православна црква, високи црковни достоинственици неколку пати ја пренесуваат главата на светителот во Бугарија во храмот „Александар Невски“ каде го чевствуваат неговото упокојување. Черепот на Свети Климент се чува во позлатен оков во сребрена кутија на која е изгравиран неговиот лик, како и  ликови на Богородица и мотиви од христијанството. Покрај оваа света реликвија, во манастирот во Верија се наоѓаат моштите и на други светци, меѓу нив раката на Свети Јован Претеча и прамен од косата на Света Софија Клисурска. Слободно време за поклонение и за прошетка низ манастирот. Потоа заминуваме кон Верија, градот кој заради изобилството Византиски цркви го нарекуваат Балкански Ерусалим. Организирана посета на црквата „Свети Антониј“ изградена 1860 година во голема трикорабна базилика. Црквата е посветена на светецот-заштитник на Верија, Свети  Антониј чии мошти се наоѓаат во неа. По разгледувањето на црквата слободно време за индивидуални прошетки низ градот, за ручек и за шопинг. Во попладневните часови заминување кон Лутраки. По пристигнувањето, сместување во хотел „Edem“ 3*** (http://hotel-edem.gr) и во хотел „Asteras“ 3*** (http://www.hotel-asteras.com).Слободно време за одмор од патувањето и за индивидуални активности. Ноќевање.

 

Втор ден: 09.12.2018 (недела)

 Појадок. Потоа организирано заминување на групата кон комплексот термални бањи „Лутра“. Слободно време за користење на отворените и затворени базени со топла термална вода и прекрасна можност на отворено да се релаксирате во минералната вода со температура од  37 степени . Можност за  шопинг на пазарот во бањата кој изобилува со домашно подготвени специјалитети од овој крај.  Во пладневните часови заминување на групата кон Воден. Разгледување на водопадите и слободно време за индивидуални прошетки и за ручек. Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 39 евра (2.420 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус
  • Едно ноќевање со појадок  во хотелите „Edem“ 3*, „Asteras“ 3* 
  • Посета на Воден
  • Организација на патувањето и туристички придружник

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  •  Користење на базените  и бањите со топла термална вода
  • Туристичка такса…1 евро по лице на ден
  • Патничко осигурување

Услови за деца: До 3 години бесплатно (во заеднички кревет со две возрасни лица),  од 3-12 години плаќаат 50 % од аранжманот доколку користат сопствен кревет.