Рим - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Рим

Вечниот град –  РИМ

Авион / 4 дена / 3 ноќевања

Рим, не бил изграден во еден ден – и ќе ви треба повеќе од еден ден да го доживеете овој безвременски град . Вистински колаж на плоштади, пазари на отворено и неверојатни историски локалитети. Скоро 3.000 години глобално влијателна уметност, архитектура и култура… Античките рушевини, Форумот и Колосеумот, ја прикажуваат моќта на поранешната Римска империја… Ватикан, седиштето на Римокатоличката црква, со базиликата на Свети Петар и музеите на Ватикан, во кои се сместени ремек-делата на Микеланџело… Фонтана Ди Треви и фрлена паричка за среќа… Шпанските скали…                                                                                                                 

05.12.2019                  СКОПЈЕ – РИМ

Состанок на групата на аеродром Скопје во 15:30 часот. Лет за Рим  во 17:20 часот. Слетување во Рим во 18.55 часот. Автобус за трансфер не пречекува на аеродромот Чампио… Трансфер до хотел. Сместување. Вечерта, на атрактивна локација, може да украдете дел од културата на италијанците…пица, паста, вино, кафе, сладолед… Ноќевање.

06.12.2019                     РИМ

Појадок. Панорамски разглед со автобус и локален водич (траење 2 часа): Св. Јован Латерански, Порта Маџоре, Аурелијански ѕидини, Св Петар и Павле, Каракалини терми, кејот на Тибар, замокот Ст.Анџело, Св.Петар, Св.Павле надвор од ѕидини – фото стоп и посета на гробот на Св.Павле, плоштадот Дел Попопло …. Пауза за ручек и кафе во билизина на Колосеум.

Попладне (факултативно) – Анчки Рим – со влез во  Римскиот форум и Колосеум, со локален водич (траење оклу 4 часа)  –  Римските форуми, Царскиот форум, Константинова Арка, Циркус Максимус, плоштадот Венеција, олтарот на Татковината, плоштадот Кампидољо…. Враќање во хотел индивидуално. Ноќевање.

07.12.2019                     ВАТИКАН – РИМ

Појадок. Факултативно – организирана посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхитувачките колекции на слики, скулптури, стари мапи…, Систинската капела чиј свод е украсен од Микеланџело и најголемата Црква Св. Петар…. Пауза за ручек и кафе. Попладне, факултативно разглед на Барокен Рим, (траење околу 2 часа)  –  уживање во убавините на градот: Шпанските скали, познати како “дневна соба на градот”, Фонтаната Ди Треви и легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим, Пантеон, плоштадот Навона, Нептиновата фонтана, фонтаната на Четирите реки, фонтаната на Маврот … Слободно време. Ноќевање.

08.12.2019                   РИМ – СКОПЈЕ

Појадок. Слободна програма, време за прошетки, индивидуални посети на музеј, настан, шопинг… Организиран трансфер до аеродромот Чампино (оклу 17.00ч). Полетување за Скопје во 20:15 часот. Пристигнување во Скопје во 21.50 часот.

 

ЦЕНА за уплата до 10.11:   219€ (13.580 мкд)  

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:        259€  (16.060 мкд)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз: Скопје – Рим – Скопје со Wizzair
  • Кабинска тоба со димензии 40х30х20 до 8кг
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Сместување во хотел на база 3* ноќевања со појадок
  • Организиран панорамски разглед на Рим
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Аеродромски такси 3.700 мкд
  • Туристичка такса 6 евра на ден (се плаќа во агенција)
  • Доплата за чекиран багаж – куфер до 10kg 1.800 мкд *(цената може да се промени како наближува летот)
  • Влезници во музеите и културно историските споменици
  • Карти за локален превоз (метро)
  • Патничко – здравствено осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба 4.700 мкд

Факултативни излети:

  • Ватикански музеј, Св.Петар, Сикстинска капела – 55 евра – резервација во агенција при уплата
  • Антички Рим – 35 евра – резервација во агенција при уплата
  • Барокен Рим –  Рим 15 евра

 Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници.
  • За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 лица.
  • За факултативните излети задолжително е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.
  • За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ и Импала Травел.
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

Начини на плаќање:

  • Цената на аранжманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплаќа 30% од износот на аранжманот како авансна уплата (важи и за цената во предпродажба). Остатокот од аранжманот се доплаќа 7 дена пред поаѓање. 

Општи напомени за патување:

  • Т.А.Импала Травел го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот 7 дена пред поаѓање.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на распоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.