Врњачка Бања - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Врњачка Бања

Врњачка Бања

Хотел Pegaz Holiday Resort  4*

Термин: 07.12.2024-09.12.2024

Врњачка Бања е најголемото и најпознатото бањско одморалиште во Србија.

Kако туристичка дестинација има традиција од речиси 150 години и за тоа време се разви во една од најдобро организираните дестинации, а по бројот на гости е и најпосетуваната балнеолошка бања во Србија.

Pegaz Holiday Resort е хотел со 4 ѕвезди.

Организиран во три целини, се простира на над 10.000 метри квадратни, во чии рамки гостите можат да користат многубројни Slowliving објекти.

Велнес и Спа е централното место во хотелот, наменети за целосно закрепнување и релаксација на современиот човек.

Шест различни сауни, затворен базен и специјални Slowellness пакети.

 
Состанок на групата во 05.30ч на паркингот кај Хотел Вип. Поаѓање за Србија во 06.00ч. од Скопје и 06:30ч од Куманово. Се патува преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Врњачка Бања и сместување во Хотел Пегаз 4*. Слободно попладне за одмор и релаксирањес во СПА центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.
 
Појадок. Ден предвиден за одмор и користење на содржините на Велнес центарот на  хотелот или  тура до дестилеријата Akov во Краљево каде што ќе имате можност да ги видите сите процеси за правење  ракија со можност за дегустација. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
 
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во  Скопје во вечерните часови.
 
07.12.2024-09.12.2024
Цена по лице со вклучен превоз 
2 ноќевања со појадок –  145€
2 ноќевања со појадок и вечера – 169€
За сопствен превоз се одбива 50€ по лице 

 

Што е вклучено:

  • Автобуски превоз на наведената релација;
  • Сместување во двокреветни соби, студија или апартмани на база ноќевање со појадок / полупансион (шведска маса);
  • Користење на slowellness центар  – внатрешен базен, кади за хидромасажа, солена соба со негатив јони, парна бања, финска сауна, инфра сауна, амфитеатарска сауна, био сауна, инфра небо, via sensus, солена сауна, соба за одмор;
  • 08.12.24 – Посета на Akov дестилерија со дегустација – 20 € по лице : AKOV Premium Rakija – Дестилерија  AKOV – Краљево (факултативно, се плаќа во автобус);
  • Паркинг и Wi-fi;
  • 10% попуст на сите масажи и третмани;
  • Детско катче со аниматор;
  • Туристички придружник;

Не е вклучено:

  • Туристичка такса за возрасни – 220 мкд, за деца од 7-15 год. –  130 мкд, деца од 0-6,99 год – 40 мкд. (се плаќа во агенција);
  • Задолжително патничко осигурување (информации во агенција) 
  • Индивидуални трошоци и други неспоменати услуги

Услови за вклучен превоз:

  • Трето и четврто лице – се одбива 20€ 
  • Деца до 06,99 год. – плаќаат само превоз 50€
  • Деца од 7 – 11,99 год.  – се одбива 40€
  • Доплата за еднокреветна соба 85€ за ноќевање со појадок/ 95€ ноќевање со појадок и вечера;

Услови за сопствен превоз:

  • Трето и четврто лице – плаќаат  75€  за ноќевање со појадок/ 99€ за ноќевање со појадок и вечера;
  • Деца до 06,99 год. – бесплатно
  • Деца од 7 – 11,99 год.  – плаќаат 55€  за ноќевање со појадок/ ноќевање со појадок и вечера;
 
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
  •  За реализација на патувањето потребно е минимум од 35 патници.
  • Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
  • Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите не следува рефундација.

I