Венеција – Господарка на Јадранот… чудесен град на вода со повеќе од 400 канали и исто толку мостви, со векови е еден од најчудесните градови што некогаш човекот ги создал…Венеција е колаж од раскошни палати на каналот Гранде, таинствени улички, канали, мостови, гондоли, повеќе од 100 фасцинантни цркви, симпатични плоштади и колоритни фасади… Најуникатен град на планетата Земја… во минатото најмоќна светска поморска и трговска сила… денес го живее истиот сјај од врвот на својата слава во 15 от век. Венеција не може никој да Ви ја прераскаже… едноставно морате да ја доживеете нејзината убавина.
1 ден 06.12.2024 СКОПЈЕ
Состанок на групата во 09.30 ч на паркингот спроти х.Холидеј Ин. Поаѓање во 10.00ч. Се патува преку грaничниот премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
2 ден 07.12.2024 ТРСТ – Outlet Shoping centar PALMANOVA – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО
Очекувано пристигнување во Трст во претпладневните часови. Прошетка низ центарот на градот,плоштадот на Обединување,каналот Гранде, Понте Росо… Слободно време за индивидуални прошетки.Во договор со водичот патувањето продолжува накај Лидо ди Јесолосо попатна посета на Outlet шопинг центар Palmanova. Во попладневните часови пруистигнување во Лидо. Сместување во хотел. Слободна вечер за прошетки низ Лидо. Ноќевање.
3 ден 08.12.2024 ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО -МИЛАНО- ВЕРОНА
Појадок. По појадокот заминуваме накај Милано. По пристигнувањето одиме на разглед на градот: тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миланска опера една од најпознатите оперски куќи во светот… Слободно време за индивидуални прошетки. Во договор со водичот продолжуваме кон Верона. Прошетка низ плоштадите Бра, Ербе и Данте, Арената, куќата на Јулија.Слободно време за прошетка по пешачката улица Мазини, и можност за шопинг. Не пропуштајте добра Италијанска пица на плоштадот Бра. Во вечерните часови враќање во Лидо. Ноќевање.
4 ден 09.12.2024 ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ВЕНЕЦИЈА
Појадок . Напуштање на собите. Заминување за Венеција. Превоз со брод од пристаништето Пунта Сабиони до Венеција. Прошетка низ Заспаната убавица од средниот век. плоштадот и црквата Сан Марко, мостот Риалто, мостот на воздишките, Дуждевата палата, каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки. Убаво е да се искачите на кулата звоник од каде има прекрасен поглед на цела Венеција и секако возете се со гондола низ каналите на Венеција, посетете ја Дуждевата палата и црквата Св.Марко. Во договор со водичот поаѓање кон Скопје. Ноќно возење со попатни пауза за одмор и царински формалности.
5 ден 10.12.2024СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во попладневните часови .
Цената вклучува:
Цената не вклучува:
НАПОМЕНИ:
N