Сигурна реализација
Главниот град на 3 империи ќе ве освои бидејќи е многу повеке од само име од историјата. Ова е еднинствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Сепак, Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од над 13 милиони жители . Светски центар од непроценлива вредност во минатото но и во сегашноста… мозаик од бројни историски и културни убавини, главен град на многу цивилизации, денес дом на жители од целиот свет. Истанбул е единствен град, град кој премостува два континенти, град кој ќе разбуди сосема поинакви чувства во Вас. Не го пропуштајте залезот на сонцето во Истанбул… кога градот се пали како слика, силуетите на џамиите се издигаат над градот, а сонцето и месечината се поздравуваат додека денот се претвора во ноќ… Во тој момент ќе се чувствувате како султан во лулката на цивилизациите. Има многу да се доживее и почуствува во Истанбул. Дали сте подготвени да го истражите овој магичен град?
1 ден 06.12.2024 СКОПЈЕ–ИСТАНБУЛ
Состанок на групата на спортски центар Борис Трајковски во 16:00 ч.Тргнување во 16:30. Се патува преку граничниот премин Богородица и низ Грција. За време на патувањето, водичот на групата ќе ја презентира програмата на патниците.Ноќно возење со попатни паузи.
2 ден 07.12.2024 ИСТАНБУЛ
Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Панорамски разглед на европски Истанбул: Аксарај, Лалели џамија, Универзитетот Бејазит, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), стадионот на ФК Бешикташ, Галата мостот, Сулејманије џамијата, Новата џамија, Египетскиот пазар… Таксим – плоштад на Европската страна со својата прочуена пешачка улица Истиклал, полна со многубројни бутици, шопинг центар, ресторани… Сместување во хотел и кратка пауза за одмор.
Балат / Вселенска Патријаршија / кулата Сафир / Таксим: Одиме во живописниот кварт Балат, стара христијанска област која настанува по освојувањето на Истанбул од Султан Мехмед II Фатих. Прекрасни дрвени куќи во разни живописни бои, мали кафулиња. Улички каде се снимени повеќеТВ серии и филмови. Тука е сместена и Вселенската Патријаршија и старата Грчка гимназија. Ќе уживате во прошетката низ Балат. Сафир – облакодер: Ве водиме до највисоката зграда во Европа, 236 м. Експресниот лифт ве искачува до прекрасна тераса-видоковец, со спектакуларен поглед: Истанбул на дланка. Единствена можност да се вклучите во SkyRide -4D неверојатно доживување на симулација на лет со хелихоптер над Истанбул и културно историските споменици, неверојатно доживување. Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден 08.12.2024 ИСТАНБУЛ
Појадок. Денот е предвиден за нови возбудливи посети и приказни од 1001 ноќ.
Предпладне: Долма Бахче Палатата: Посета на најбогатата, најубавата и последната султанска палата, на брегот на Босфор. Резиденција на Султаните од 1853 г. до 1922 г. Тука престојувал и починал основачот на денешна модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Се посетува Резиденционалниот дел од Палатата. Крстарење по Босфор: Заминуваме на прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi” палатата… Ќе уживате во прекрасниот поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер…), Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган … палатите од Турските ТВ серии… Капали Чаршија: Слободно време (околу 1 час) за индивидуална прошетка низ Капали чаршија.
Попладне: Азиски Истанбул: Посета на Азиската страна на Истанбул. Ускудар: едно од најважните турски населби уште од времето на Османлиите. Тука се наоѓа убавата џамија на Михримах Султан (ќерката на Сулејман Величенсвени и Хурем). Во непосредна близина на брегот на Ускудар се наоѓа Моминската кула. Бејлербеј: прекрасно место покрај самиот Босфор. Место со многу рибни ресторани. Место каде се снимени бројни турски серии. Дом на Бејлербеји палатата.
Watergarden square mall: Продолжуваме кон најновиот монденски трговски центар во срцето на Аташехир, дел од Истанбул , на Азиската страна, отворен во 2017 г. Еден нов стил на градба концентриран околу прекрасниот базен со фонтани. Ексклузивна кореографија на играта на водата, светлоста, ласерот, музиката – огнено шоу. .. многу ресторани, кафетерии, забавни паркови, кина… Во склопот на трговскиот центар се наоѓа огромен Аквариум со над 10.000 морски суштетства и тигар-ајкули. Враќање во хотел преку Босфорскиот мост, симболот на Истанбул – Ноќна панорама на Истанбул.
4 ден 09.12.2024 ИСТАНБУЛ
Појадок. По појадокот го сместуваме багажот во автобус. Магијата од 1001 ноќ продолжува. Пјер Лоти и заливот Златен Рог: Се возиме покрај брегот на Златниот Рог кој скоро завршува кај едно панорамско возвишување наречено Пјер Лоти, според еден Француски поет. Со жичара се искачуваме до видиковецот. Можност да го испиете утринското Турско кафе направено на топол песок и пробате Ѓозлеме, уживајќи во прекрасната панорама на Истанбул под нас. Форум: Напуштајќи го Истанбул, го посетуваме големиот шопинг центар Форум. Во самиот центар се наоѓа и големиот Аквариум а во непосредна близина продавницата на Декатлон и Икеа. Слободно време за посета на аквариумот и шопинг. Во попладневните часови заминуваме за Скопје. Ноќно возење преку Грција.
Пристигнување во Скопје следниот ден (10.12.2024) во утринските часови.
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
НАПОМЕНА:
N