Прв ден: 05.03.2021 (петок)
Состанок на групата навечер во 22:30 часот во Скопје и 23:00 часот во Куманово( Бензинска пумпа Макпетрол) и тргнување кон Златибор со попатни паузи за царински формалности и одмори.
Втор ден: 06.03.2021 (сабота)
Пристигнување во Златибор во утринските часови и заминување на групата кон етно село Сирогојно. Посета на музејот на отворено и специјалната продавница за џемпери, по кои Сирогојно е познато низ светот. Околу пладне сместување во апартмански комлекс Вила Јелена, која се наоѓа во центарот на Златибор во двокреветни и трокреветни соби. Слободно време за одмор и прошетка низ центарот на Златибор. Ноќевање.
Трет ден: 07.03.2021 (недела)
Појадок. Заминување на групата кон Дрвенград, дело на Емир Костурица кој го направил овој “град” за потребите на својот филм “Животот е чудо”. Овде може да ги пробате познатите слатки и природните сокови кои носат име на познати светски личности, како што се Новак Ѓоковиќ, Диего Марадона, Џони Деп итн. Потоа посета на изворот ’Бела Вода’ и познатата железница ’Шарганска Осмица’. Во попладневните часови враќање во Златибор. Слободно време за прошетка низ центарот на Златибор и посета на пазарот за сувенири и познатата златиборска пршута и кајмак.Вечерта,факултативно,свечена вечера со музика во ресторанот на Вила Јелена. Ноќевање.
Четврти ден: 08.03.2020 (понеделник)
Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Македонија со попатна посета на Врњачка Бања за прошетка по познатата Променада, индивидуален ручек и шопинг во многуте продавници. Пристигнување во вечерните часови.
Цената на аранжманот вклучува:
Цената на аранжманот не вклучува:
Напомена: За реализација на ова патување потребни се минимум 30 патници.