+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Нови Сад

ОСМИ МАРТ ВО НОВИ САД

 (Со посета на Сомбор и ручек на салаш)

(04.03.2021 – 07.03.2021)

 

 

04.03.2021 (четврток)

Во 23:00 часот од тргнување од Скопје, 23:30 тргнување од Куманово(Бензинска пумпа Макпетрол) кон Србија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.

Прв ден: 05.03.2021 (петок)

Пристигнување во Нови Сад  во претпладневните часови. Организиран разглед со локален туристички водич на Нови Сад, градот кој е создаден на левиот брег на реката Дунав. Започнуваме со обиколка на најголемата средноевропска Петроварадинска Тврдина од каде се простира преубав поглед на  Нови  Сад.  Потоа разгледот продолжува кон центарот на градот: Плоштадот на Слободата каде се наоѓаат Градското Собрание, Римокатоличката Црква, зградата Железен човек, Змај-Јовината улица, Соборната Црква, Дунавската улица, Дунавскиот парк… Сместување на групата во хотел Planeta Inn4**** (http://planetainn.com/) кој се наоѓа на извонредна локација во непосредна близина на строгиот центар на градот. Слободно попладне за индивидуални активности. Ноќевање. 

Втор ден: 06.03.2021 (сабота)

Појадок. Заминување со локален туристички водич на организиран разглед на Сомбор, градот на фијакерите, зеленилото и архитектурата. Градот има дрвореди во должина од 121 километар и четири преубаво уредени паркови. Обиколката започнува од Градскиот Музеј, па покрај театарот и Плоштадот на фијакеристите ги разгледуваме старите Сомборски знаменитости: Плоштадот на Светото Тројство, Градското Собрание, Сончевиот саат (единствен на територијата на цела Војводина кој привлекува внимание со прикажаната симболика во вид на Архангел Гаврил и петел како предвесник на новото утро), Старата Католичка Црква, Црквата Свети Ѓорѓе, Кармелиќанската Црква. Слободно време за кафе пауза и прошетки низ центарот. Потоа организирана посета на традиционален салаш „Наш салаш“ (www.nassalas.com) и организиран ручек. Во вечерните часови враќање во Нови Сад. Ноќевање.

Трети  ден: 07.03.2021 (недела)

Појадок. Заминување на групата кон шопинг аутлет центарот Fashion Park во Инџија (http://fashionparkoutlet.rs)  . Слободно време за индивидуални активности и шопинг. Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………129 евра (8.000 денари)

 (плаќање во денарска противвредност)

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Две ноќевања со појадок во хотел Planeta Inn 4**** во Нови Сад
  • Посета на Сомбор со вклучен ручек на салаш
  • Локален туристички водич во Нови Сад и Сомбор
  • Организација на патувањето и туристички придружник

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Доплата за еднокреветна соба – 25 евра (за двете вечери)
  • Патничко осигурување

 

Напомена: За патување во Република Србија не е потребен PCR тест за Covid-19

 

За реализација на аранжманот потребни се минимум 35 патници

 (за време на патувањето ќе се почитуваат сите здравствени протоколи)

 

Последен рок за пријавување: 25.02.2021 година