Загреб -главен град на Р.Хрватска и најголем град по бројот на жители. Историски гледано, Загреб израснал од две населби на два соседни рида со поглед на реката Сава, Градец и Каптол. Денес Загреб претставува административен, деловен, културен, сообраќаен и научен центар на Хрватска. Стариот и Новиот град се сметаат за споменици на културата. Уникатниот спој на средовековни кули, палатите од 19-от век, античките катедрали, пазарите на отворено, го прават Загреб совршен град за уживање.
ПРВ ДЕН – 05.03.2026 (ЧЕТВРТОК) СКОПЈЕ – ЗАГРЕБ
Состанок со групата на паркингот пред хотел Русија во 19.00 часот и поаѓање за Загреб. Ноќно возење преку Србија со попатни кратки паузи за освежување и царински формалности.
ВТОР ДЕН – 06.03.2026 (ПЕТОК) – ЗАГРЕБ
Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Разглед на градот: Плоштадот Бан Јелачич, Уметничкиот Павиљон, Мимара, Хрватскиот народен театар, Загребската Kатедрала, Владата, Камената порта, Хрватското народно собрание, познатата слаткарница Ивица и Марица…Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно време за уживање во убавините на градот. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН – 07.03.2026 (САБОТА) ЗАГРЕБ – ЉУБЉАНА – ЗАГРЕБ
Појадок. Факултативна посета на Љубљана. Разгледување на градот со локален водич: Симболот на градот – Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер. Слободно време. Враќање во Загреб. Ноќевање.
ПОСЛЕДЕН ДЕН – 08.03.2026 (НЕДЕЛА) ЗАГРЕБ – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Посета на шопинг центар “Arena Centar”. Во попладневните часови, поаѓање кон Македонија. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 09.03 – понеделник
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
НАПОМЕНИ:
S