Халкидики - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Халкидики

Халкидики 24 – 26 мај

1 ден, петок Скопје – Халкидики (Касандра/Ситонија)

Состанок на групата на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“ во 2.30 часот. Тргнување за Грција во 3.00 часот. Пристигнување на одредената дестинација според редослед на местата. Ноќевање.

 2 ден, сабота Халкидики

Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

 3 ден, недела Халкидики – Скопје

Тргнување за Скопје од договорено место и време (попладне) со придружникот-пратител на групата. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

Цена на аранжманот по лице:

3.410 мкд. (55 евра)

Сместување во куќи на Касандра:

  • „Дора“ – Неа Каликратија
  • „Харис„ и „Минас“ – Неа Флогита
  • „Спанос“ – Полихроно
  • „Кристина“ – Ханиоти

Сместување во куќи на Ситонија:

  • „Џорџија“ – Неа Мармарас
  • „Сарти Бич“, „Авра“, „Панорама“ и „Папус“ – Сарти
  • „Марија Карга“ – Ормос Панагијас
  • „Ана Сакис“ – Торони

Услови:

  • дете до 1,99 години гратис
  • трето и четврто лице плаќаат по 50% од цената
  • доплата за дополнително ноќевање 620 мкд. (10 евра) по лице на ден (од 19.5-24.5)

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • автобуски превоз на наведената релација, Скопје – Халкидики (Касандра) – Скопје 
  • две ноќевања во куќа по избор
  • организација на патувањето со придружник-пратител на групата

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • задолжително патничко-здравствено осигурување, информации во агенцијата

Напомени:

  • За патување со сопствен превоз, од цената на аранжманот се одбива 930 мкд. (15 евра) по лице 
  • Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на тргнување