СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА
Сместен на северот од Франција на реката Сена, Париз ја заслужува репутацијата на најубав, романтичен град, со богата историја и големо влијание во рамките на културата, уметноста, модата, дизајнот, храната… Утринско кафе во кафуле на самиот тротоар, мирис на кроасан со путер… Денот го продолжуваме со прошетка покрај Сена, воодушевувајќи се на Ајфеловата кула, стоп за вонвременска фотографија… А потоа неколку и покрај Триумфаланата капија, Нотр Дам… Вечерта завршува возбудливо во Мулен Руж… Дизниленд во Париз е местото каде што вашите соништа на Дизни се остваруваат! Замоци, шоуа, огномет, паради и вашите омилени ликови се комбинираат за да ви овозможат прекрасно поминато време. Дизни ги возбудува сите – деца, тинејџери и возрасни!!!
26.10 СКОПЈЕ – ПАРИЗ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 11.00 часот. Полетување за Париз во 13.00 и пристигнување во Париз во 16.05 часот. Организиран трансфер и панорамски разглед на Париз: Големите булевари, мостовите на Сена, плоштадот Конкорд, Елисејските полиња, Триумфалната Капија, плоштадот Вандом, Операта Гарние, плоштадите Република и Бастиља, Латинскиот кварт, Универзитетот Сорбона, паркот Луксембург… Сместување во хотел. Ноќевање.
27.10 ПАРИЗ – Лувр – Ајфелова – Сена
Појадок. Факултативна посета на еден од најбогатите светски музеи – импресивниот Лувр, резиденција на француските кралеви, се до нивното преселување во дворецот Версај (превоз со метро). Посета на најпознатата светска колекција на уметнички дела, меѓу кои и Да Винчиевата славна Мона Лиза, античката скулптура Венера Милоска и сплавот на медузите… Во попладневните часови посета на Ајфеловата Кула и можност за уживање во панорамската глетка кон Париз од вториотот кат. Веднаш потоа препорачуваме романтично крстарење со брод по Сена, под 24-те париски мостови со прекрасен поглед кон знаменитостите од друга перспектива. Во вечерните часови можност за прошетка до плоштадот на уметниците МонмартрВо попладневните часови, квартот Пигал, познат по бројните кабареа, меѓу кои и светски познатиот Mouline Rouge. Ноќевање.
28.10 ПАРИЗ – Дизниленд
Појадок. Можност за факултативна посета (првоз со брз воз) до забавениот парк за возрасни и деца во Европа – ДИЗНИЛЕНД. Дизниленд во Париз се состои од два парка, Дизниленд Парк и Валт Дизни Студио Парк, како и шопинг област. Во шопинг зоната има продавници, ресторани, бутици…
Или слободно време за прошетки низ Париз. Ноќевање.
29.10 ПАРИЗ – Версај – СКОПЈЕ
Појадок. . Факултативна посета на ремек делото на францускиот класицизам, величенствениот дворец Версај, една од најлуксузните кралски палати во Европа. Прошетка по кралските апартмани, прочуената сала со огледала, прекрасните градини на “Кралот на Сонцето” Луј XIV, многубројните фонтани, скулптури и прекрасни фигури од зеленило…. или слободно време за индивидуални активности. Организиран трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 16.50, пристигнување во 19.35 часот.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Цена на факултативи:
За возрасни 90 евра . За деца до 18 години 65 евра. Задолжително резервација во агенција.
За возрасни 70 евра. За деца и младинци до 18 години 45 евра. Задолжително резервација во агенција.
Цена од информативен карактер, за возрасни 25 евра. За младинци до 24 години 15 евра. За деца до 11 години 10 евра.
Напомена: