+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Рим 23-ти Октомври

   Вечниот град –  РИМ  

Рим, не бил изграден во еден ден – и ќе ви треба повеќе од еден ден да го доживеете овој безвременски град. Вистински колаж на плоштади, пазари на отворено и неверојатни историски локалитети. Повеќе од 3.000 години глобално влијателна уметност, архитектура и култура… Античките рушевини, Форумот и Колосеумот, ја претставуваат моќта на поранешната Римска империја… Ватикан, седиштето на Римокатоличката црква, со базиликата на Свети Петар и музеите на Ватикан, во кои се сместени ремек-делата на Микеланџело… Фонтана Ди Треви и фрлена паричка за среќа… Шпанските скали…

                                                                                                                                                 

23 октомври СКОПЈЕ – РИМ                                             

Состанок на групата на аеродром Александар Велики во 10:30 часот. Лет за Рим  во 13:30 часот. Слетување во Рим во 15.05 часот. Автобус за трасфер не пречекува на аеродромот Чампио… Пристигнување во центарот на Рим, каде не чека локален водич и започнува панорамско разгледување на градот (околу 4часа): Плоштадот Дел Пополо, Виа Дел Корсо, Плоштадот Венеција со споменикот на Виктор Емануеле, мостовите на Тибар, Палатата на Правдата, Тврдината Сан Ангело, Црквата Св. Петар… Трансфер до хотел и сместување. Вечерта слободно време да украдете дел од културата на италијанците…пица, паста, вино, кафе, сладолед… Ноќевање.

24 октомври                        РИМ – ВАТИКАН

Појадок. Факултативно – организирана посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи…, Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело и најголемата Црква Св. Петар…. Слободно попладне, пауза за ручек. Слободно попладне за индивидуални прошетки или во договор со водичот, можност за посета на знаменитости. Ноќевање.  

25 октомври                        РИМ – ТИВОЛИ

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Д’Есте – е најубавиот пример и симбол на италијанската ренесанса, заштитена од  УНЕСКО како Светско културно наследство. Вилата е позната по прекрасните фонтани кои се вистински уметнички дела. Во попладневните часови – факултативна, организирана прошетка низ центарот на Рим, уживање во убавините на градот: Шпанските скали, познати како “дневна соба на градот”, Фонтаната Ди Треви и легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим, Пантеон, прекрасниот плоштад Кампидољо, Римскиот Форум, Колосеумот, Црквата Св. Климент… Пауза за ручек. Прошетката продолжува по боемскиот кварт Транстевере. Во вечерните часови враќање во хотел со локален превоз. Ноќевање.

26 октомври        РИМ – СКОПЈЕ 

Појадок. Слободно време за прошетки и шопинг. Организиран трансфер (околу 15.30 часот) до аеродромот Чампино. Полетување за Скопје во 20:20 часот. Пристигнување во Скопје во 21:55 часот.

 

 

Цена за рана уплата до 09.10.21 :

289€ / 17.900 мкд

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ :

329€ / 20.400 мкд

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз: Скопје – Рим – Скопје со Визер
  • Кабинска тоба со димензии 40х30х20 до 8кг
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Сместување во хотел 3*/ 4* на база ноќевања со појадок
  • Организиран панорамски разглед на Рим
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Аеродромски такси 3.700 мкд
  • Туристичка такса 750 мкд (се плаќа во агенција)
  • Доплата за чекиран багаж – куфер до 10kg 1.200 мкд / 20kg – 2.600*(цената може да се промени како наближува летот)
  • Карти за локален превоз (метро)
  • Патничко – здравствено осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба 5.600 мкд
  • Факултативни излети:

Посета на Ватикан со локален водич и влезница– задолжително пријавување и уплата во агенција 55 евра

Посета на Тиволи со локален водич и влезница– задолжително пријавување и уплата во агенција 55 евра

Организирани пешачка прошетка низ центарот на Рим 15 евра

Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници. За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи.
  • За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.
  • За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ и Импала Травел.
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

Начини на плаќање:

  • Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 10 дена пред поаѓање. 

Општи напомени за патување:

  • Т.А.Импала Травел го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на распоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.            

За влез во Италија и посета на Рим, потребен е сертификат за примени две дози на Pfizer – BioNtec, Moderna, Astra Zeneca или Johnson & Johnson, по поминати 15 дена од примена втора доза на вакцина. Покрај тоа, задолжително прикажување на негативен PCR тест и пополнување на формулар за влез во Италија.

За деца до 6 години не е потребно ништо за влез во Италија

За деца од 6 до 12 години потребен е негативен PCR тест

За деца со наполнети 12 години потребна е некоја од горенаведените вакцини + негативен PCR тест