+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

23. Октомври во Романија

НАЈУБАВИТЕ ГРАДОВИ И ДВОРЦИ ВО РОМАНИЈА

БУКУРЕШТ-СИНАИА-БРАШОВ-СИГИШОАРА-СИБИУ-ТЕМИШВАР

(Дворецот Пелеш- Дворецот Пелишор-Синајскиот Манастир-Замокот Бран-Замокот Корвин)

(23.10.2021-30.10.2021)

 

 

Што знаете за оваа земја освен дека во неа се наоѓаат Карпатите и феноменот за грофот Дракула? Никаде во светот на толку мал простор не можете да видите толку многу сочувани средновековни градови и цркви стари и по 800 години…Тргнете на ова патување без предрасуди кон оваа таинствена земја…ќе се вратите со изобилство спомени и фотографии од идилични пејзажи, шармантна архитектура и богата историја…

 

Прв ден: 23.10.2021 (сабота)

 Поаѓање на групата од Кавадарци во 15.00 часот и од Скопје во 17.00 часот (пред туристичките агенции )кон Романија. Се патува преку Република Бугарија со попатни застанувања и одмори.

 Втор ден: 24.10.2021 (недела)

 Околу пладне пристигнување во Букурешт, романската престолнина на контрастите, еден од најголемите градови во Централна и Источна Европа. Организиран разглед на градот со лиценциран туристички водич: Триумфалната капија,Храмот на музиката –Филхармонијата „Атенум“, Народниот театар, Парламентот-втората по големина административна зграда после Пентагон. Потоа сместување на групата во хотелот „Rin Central“ 4* (www.rinhotels.ro). Слободно време за одмор од патувањето и индивидуални активности. Ноќевање.

 Трет ден: 25.10.2021 (понеделник)

 Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Синаиа, монденско одмаралиштево Јужните Карпати. Организиран разглед на кралскиот дворец Пелеш, поранешната летна резиденција на Романското кралско семејство. По разгледување на еден од најубавите дворци во Европа, слободно време за прошетка низ градините кои изобилуваат со впечатливи камени фигури. Од таму се упатуваме кон дворецот Пелишор, или „Малиот Пелеш“ кој е дел од истиот комплекс на кој му припаѓа дворецот Пелеш. Дворецот бил изграден по наредба на кралот Чарлс I во 1899-1903 година како летна резиденција на внукот на кралот I – принцот Фердинанд, идниот престолонаследник. По организираниот разглед се упатуваме кон средновековниот Синаиски Манастир изграден кон крајот на 17.век од романскиот благородник Михаил Кантакузин. Тоа е првиот верски музеј во Романија во кој се чуваат драгоцени литургиски предмети, меѓу нив и епитафот кој Ана Рот го везела од 1897 до 1900 година на памучно платно со златни конци обоени со свила. Ова врвно дело е под заштита на УНЕСКО. По завршувањето на разгледите сместување на групата во хотел „Palace“ 4 * во Синаиа (https://palacesinaia.ro/palace/). Слободно време за одмор и индивидуални прошетки. Ноќевање.

 Четврти ден: 26.10.2021 (вторник)

 Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Замокот „Бран“, препознатлив уште и како „Замокот на Дракула“, највпечатливата средновековна тврдина завиена во мистерија изградена во периодот меѓу 1377 и 1382 година на врвот на карпа висока 60 метри. Тука бил заробен Влашкиот владетел Влад Цепешпознат како Дракула. По разгледувањето, слободно време за прошетка низ колоритниот пазар на сувенири, а потоа заминување на групата кон живописното средновековно гратче Брашов, едно од омилените туристички дестинации во Романија. Обиколка на централниот плоштад со зградата на старото кметство, Црната Црква-најголемата готска катедрала во Источна Европа и слободно време за индивидуални прошетки и уживање во убавините на плоштадот каде се испреплетуваат готски, ренесансни и барокни елементи. Во вечерните часови се упатуваме кон градот Сигишоара. Сместување во хотел „Korona3* (www.hotelkorona.ro).Ноќевање.

 Петти ден: 27.10.2021 (среда)

 Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на разглед на Сигишоара,еден од најдобро зачуваните средновековни градови во Европа. Благодарение на донацијата на принцот Чарлс чија цел била секој дел од градот да остане таков каков што бил со векови, градот денес е најдобро сочувана саксонска архитектонска целина во Европа. Во Сигишоара доминират две цркви: Доминиканскиот Манастир и Црквата на ридот, а стариот дел на градот од 1999-та година е под заштита на УНЕСКО. Тука во 1431-та година е роден контроверзниот владетел Влад Цепеш, познат како гроф Дракула. Неговата родна куќа денес е претворена во ресторан (www.casavladdracul.ro) – тука можете да го испиете кафето пред неговиот познат „Портрет со турбан“ што е единственото сликарско дело кое го претставува владетелот или да говкусите специјалитетот „Принцот Дракула“ со традиционален трансилвански пијалок. Од таму се упатуваме кон Сибиу, градот кој го носи епитетот „Музеј на отворено“ заради тесните улички и збиените куќи со шарени фасади карактеристични за Трансилванија. Туристите го запознаваат дури во 2007 година кога е прогласен за Европска престолнина на културата. Биле изненадени кога откриле дека зад импозантните одбрамбени зидини се крие историско богатство. Разгледување на трите плоштади: Плоштадот Huet, малиот и големиот плоштад со кулата на светот, музејот Brukental, Римокатоличката Црква, Луксембуршката куќа, Евангелиската Катедрала, Германското училиште…Слободно време за индивидуални прошетки. Сместување на групата во хотел „Continental Forum“ 4* во Сибиу (https://continental-forum-sibiu.continentalhotels.ro/). Ноќевање.

 Шести ден: 28.10.2021 (четврток)

 Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Темишвар. Попатна посета на замокот Корвин во месноста наречена Хунедоара, импресивна средновековна тврдина изградена во 15. век со изглед за кој се претпоставува дека е еден од најстрашните во светот. Се смета дека контроверзниот владетел Влад Цепеш, познат како гроф Дракула извесно време бил затворен во овој затвор. Меѓу неколкуте интересни работи во замокот е фонтаната длабока 30 метри која тројца турски затвореници ја копале 15 години. Во попладневните часови пристигнување во Темишвар. Сместување на групата во хотел „Sterlitia“ 3* (www.hotelstrelitia.ro). Слободно време за одмор од патувањето и за индивидуални прошетки низ градот. Ноќевање.

 Седми ден: 29.10.2021 (петок)

 Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на организиран разглед на градот кој го нарекуваат „Мала Виена“ токму заради тоа што долго време бил под Хабзбуршка власт и целата архитектура и амбиентот потсетуваат на стариот дел на Виена. Во поновата историја пак градот е познат и по тоа што токму тука на 16. декември 1989 година започнале протестите кои и` претходеле на Револуцијата, а подоцна и на падот на режимот на комунистичкиот диктатор Николае Чаушеску. Организиран разглед на градот: Плоштадот на Победата каде се наоѓаат Операта и Националниот Театар, Соборната Романска црква на Банатската Митрополија, Споменикот на волчицата која ги дои Ромул и Рем-подарок од градот Рим. Посета на Плоштадот на единството каде се наоѓаат Римокатоличката катедрална црква, Барокната Палата, како и Српската православна Соборна Црква во која се наоѓа вреден иконостас. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови заминување на групата кон Македонија. Патувањето продолжува преку Република Србија со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Македонија во сабота, 30.октомври во претпладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ

309 евра (19.160 денари)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  •  Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Лиценциран туристички водич за време на целото патување
  • Едно ноќевање со појадок во хотел „Rin Central“ 4* во Букурешт
  • Едно ноќевање со појадок во хотел „Palace“ 4 * во Синаиа
  • Едно ноќевање со појадок во хотел „ Korona“ во Сигишуара
  • Едно ноќевање со појадок во хотел „ Continental Forum4* во Сибиу
  • Едно ноќевање со појадок во хотел „Sterlitia“ 3* во Темишвар
  • Сите излети вклучени во програмата
  • Влезници за Дворците Пелеш и Пелишор, Синајскиот Манастир, Замоците Бран и Корвин
  • Организација и лиценциран придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  •  Доплата за еднокреветна соба – 60 евра
  • Туристичка такса
  • Патничко осигурување

 

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 35 патници

Последен рок за пријавување: 13. Октомври 2021