Прв ден: 05.03.2021 (петок)
Состанок на групата во 06:45 часот во Куманово и 07:45 часот во Скопје и тргнување кон Охрид со попатни паузи за одмор и можност за кафе-пауза и индивидуален појадок во ’Мекиците од Стража’. Пристигнување во Охрид во претпладневните часови и веднаш сместување во избраниот хотел. Краткотраен одмор. Тргнување кон Свети Наум, посета на манастирот, можност за прошетка, индивидуален ручек, шопинг, посета на продавниците за сувенири итн. Враќање во хотелот, слободно време за прошетка покрај езерото во населбата Св. Стефан. Вечера. Ноќевање.
Втор ден: 06.03.2021 (сабота)
Појадок. Заминување на групата во центарот на Охрид. Посета на Св. Софија, Плаошник, Самоиловата тврдина, Св. Јован Канео и останати знаменотости во градот во договор со групата. Слободно време за прошетка и шопинг во Охрид со можност за индивидуален ручек. Враќање во хотелот. Слободно време за одмор. Навечер свечена вечера со можност за забава (по протоколите за ковид-19). Ноќевање.
Трет ден: 07.03.2021 (недела)
Појадок. Одјавување на рецепција. Тргнување кон Вевчани. Посета на познатите Вевчански извори, главната селска црква Св. Никола, на Света Богородица и дел од останатите знаменитости во местото. Слободно време за прошетка, купување на сувенири, индивидуална закуска во некој од многуте автентични ресторани и сл. Тргнување кон Бигорски манастир Св. Јован Крстител. Посета на манастирот, време за прошетка, посета на продавниците за сувенири и икони. Тргнување кон Куманово со паузи зависно од потреба и попатно застанување во Скопје. Пристигнување во вечерните часови.
Цената на аранжманот вклучува:
Цената на аранжманот не вклучува:
Напомени: