Прв ден: 08.10.2021 (петок)
Состанок на групата навечер во 21:00 часот во Кавадарци, 22:30 во Скопје и 23:00 часот во Куманово и тргнување кон Златибор со попатни паузи за царински формалности и одмори.
Втор ден: 09.10.2021 (сабота)
Пристигнување во Златибор во утринските часови и заминување на групата кон етно село Сирогојно. Посета на музејот на отворено и специјалната продавница за џемпери, по кои Сирогојно е познато низ светот. Околу пладне сместување во вила Софија, http://www.vilasofija.com/ која се наоѓа во центарот на Златибор во двокреветни и трокреветни соби. Слободно време за одмор и прошетка низ центарот на Златибор. Ноќевање.
Трет ден: 10.10.2021 (недела)
Појадок. Факултативно заминување на групата кон каубојскиот град Ел Пасо кој се наоѓа на 20км од Златибор. Овде ќе се вратите во времето на Дивиот Запад…Ел Пасо претставува реплика на типичен град на Дивиот Запад. Името го добива по истоимениот град во САД и реката која што тече низ самиот град го дели на два дела односно од едната страна ќе се запознаете со каубојската и индијанската култура, додека од другата страна со српската култура во далечната 1865 год. Следува прошетка низ индијанското село, посета на каубојски Салун и прошетка до црквата која се наоѓа на српската страна на градот. Околу пладне, враќање во Златибор и слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Ноќевање.
Четврти ден: 11.10.2021 (понеделник)
Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Македонија со попатна посета на Врњачка Бања за прошетка по познатата Променада, индивидуален ручек и шопинг во многуте продавници. Пристигнување во вечерните часови.
Цената на аранжманот вклучува:
Цената на аранжманот не вклучува:
Напомена:
За реализација на ова патување потребни се минимум 40 патници.