Рим, не бил изграден во еден ден – и ќе ви треба повеќе од еден ден да го доживеете овој безвременски град. Вистински колаж на плоштади, пазари на отворено и неверојатни историски локалитети. Повеќе од 3.000 години глобално влијателна уметност, архитектура и култура… Античките рушевини, Форумот и Колосеумот, ја претставуваат моќта на поранешната Римска империја… Ватикан, седиштето на Римокатоличката црква, со базиликата на Свети Петар и музеите на Ватикан, во кои се сместени ремек-делата на Микеланџело… Фонтана Ди Треви и фрлена паричка за среќа… Шпанските скали…
23 октомври СКОПЈЕ – РИМ
Состанок на групата на аеродром Александар Велики во 10:30 часот. Лет за Рим во 13:30 часот. Слетување во Рим во 15.05 часот. Автобус за трасфер не пречекува на аеродромот Чампио… Пристигнување во центарот на Рим, каде не чека локален водич и започнува панорамско разгледување на градот (околу 4часа): Плоштадот Дел Пополо, Виа Дел Корсо, Плоштадот Венеција со споменикот на Виктор Емануеле, мостовите на Тибар, Палатата на Правдата, Тврдината Сан Ангело, Црквата Св. Петар… Трансфер до хотел и сместување. Вечерта слободно време да украдете дел од културата на италијанците…пица, паста, вино, кафе, сладолед… Ноќевање.
24 октомври РИМ – ВАТИКАН
Појадок. Факултативно – организирана посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи…, Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело и најголемата Црква Св. Петар…. Слободно попладне, пауза за ручек. Слободно попладне за индивидуални прошетки или во договор со водичот, можност за посета на знаменитости. Ноќевање.
25 октомври РИМ – ТИВОЛИ
Појадок. Препорачуваме факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Д’Есте – е најубавиот пример и симбол на италијанската ренесанса, заштитена од УНЕСКО како Светско културно наследство. Вилата е позната по прекрасните фонтани кои се вистински уметнички дела. Во попладневните часови – факултативна, организирана прошетка низ центарот на Рим, уживање во убавините на градот: Шпанските скали, познати како “дневна соба на градот”, Фонтаната Ди Треви и легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим, Пантеон, прекрасниот плоштад Кампидољо, Римскиот Форум, Колосеумот, Црквата Св. Климент… Пауза за ручек. Прошетката продолжува по боемскиот кварт Транстевере. Во вечерните часови враќање во хотел со локален превоз. Ноќевање.
26 октомври РИМ – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за прошетки и шопинг. Организиран трансфер (околу 15.30 часот) до аеродромот Чампино. Полетување за Скопје во 20:20 часот. Пристигнување во Скопје во 21:55 часот.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Посета на Ватикан со локален водич и влезница– задолжително пријавување и уплата во агенција 55 евра
Посета на Тиволи со локален водич и влезница– задолжително пријавување и уплата во агенција 55 евра
Организирани пешачка прошетка низ центарот на Рим 15 евра
Напомена:
Начини на плаќање:
Општи напомени за патување:
За влез во Италија и посета на Рим, потребен е сертификат за примени две дози на Pfizer – BioNtec, Moderna, Astra Zeneca или Johnson & Johnson, по поминати 15 дена од примена втора доза на вакцина. Покрај тоа, задолжително прикажување на негативен PCR тест и пополнување на формулар за влез во Италија.
За деца до 6 години не е потребно ништо за влез во Италија
За деца од 6 до 12 години потребен е негативен PCR тест
За деца со наполнети 12 години потребна е некоја од горенаведените вакцини + негативен PCR тест