1 ден 04.03 СКОПЈЕ
Состанок на групата во 11.30 ч на паркингот спроти х.Холидеј Ин. Поаѓање во 12.00ч. Се патува преку грaничниот премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
2 ден 05.03 ТРСТ – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО
Пристигнување во Трст во претпладневните часови. Прошетка низ центарот на градот,плоштадот на Обединување,каналот Гранде, Понте Росо… Слободно време за индивидуални прошетки.Во договор со водичот патувањето продолжува накај Лидо ди Јесоло. Сместување во хотел. Слободно попладне за прошетки низ Лидо. Ноќевање.
3 ден 06.03 ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ШОПИНГ ЦЕНТАР OUTLET FRANCIA CORTA – МИЛАНО- ВЕРОНА
Појадок. По појадокот заминуваме накај Милано со попатна посета на шопинг центар. По пристигнување во шопинг центар FRANCIA CORTA, слободно време за шопинг. Патувањето продолжува накај Милано. По пристигнувањето одиме на разглед на градот: тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миалнска опера една од најпознатите оперски куќи во светот… Слободно време за индивидуални прошетки. Во договор со водичот продолжуваме кон Верона. Прошетка низ плоштадите Бра, Ербе и Данте, Арената, куќата на Јулија.Слободно време за прошетка по пешачката улица Мазини, и можност за шопинг. Не пропуштајте добра Италијанска пица на плоштадот Бра. Во вечерните часови враќање во Лидо. Ноќевање.
4 ден 07.03 ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ВЕНЕЦИЈА
Појадок . Напуштање на собите. Заминување за Венеција. Превоз со брод од пристаништето Пунта Сабиони до Венеција. Прошетка низ Заспаната убавица од средниот век. плоштадот и црквата Сан Марко, мостот Риалто, мостот на воздишките, Дуждевата палата, каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки. Убаво е да се искачите на кулата звоник од каде има прекрасен поглед на цела Венеција и секако возете се со гондола низ каналите на Венеција, посетете ја Дуждевата палата и црквата Св.Марко. Во договор со водичот поаѓање кон Скопје. Ноќно возење со попатни пауза за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје следниот ден во попладневните часови .
ЦЕНА за рана уплата до 29.01:
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
Цената вклучува:
Цената не вклучува:
НАПОМЕНИ: