Соко Бања - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Соко Бања

Соко Бања

Соко Бања е туристичко место кое се наоѓа во југоисточна Србија во подножјето на Озрен планина. Самата бања е опкружена од 4 планини – од север планина Ртани на 1560m н.височина, на исток се наоѓа планината Девица, на југ планината Озрен на 1117m н.височина и од запад планината Буковик. Низ Соко Бања поминува реката Моравица од која што е и создадено вештачкото Бованско езеро. Заради идеалната умерено-континентална надморска височина од 400m на која се наоѓа, Соко Бања е идеална за лекување на хронични болести, астма и сл.
Природни и лековити фактори во Соко Бања се термоминералните извори со температура на вода од 28°C (Banjica) до 45,5°C (Park) kako и чистиот воздух. Спортско-рекреативни содржини во Соко Бања се неколкуте базени со термални води, фитнес сали, терени за тенис и фудбал.

Цена на аранжманот 99 евра / 6.140мкд

Промо цена 89 евра/ 5.520мкд за резервации до 15.02.2022

 

Програма за патување (04.03-07.03.2022)

04.03.2022 Петок Скопје – Соко Бања

Состанок на групата во 05.30час. Поаѓање за Соко Бања во 06.00 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце со попатни кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Соко Бања околу пладне. Сместување во хотел Бањица. Прошетка низ поширокиот центар на Соко Бања (Милошев конак, турско купатило..) Слободно време за индивидуални активности.

Ноќевање.

05.03.2022 Сабота Соко Бања

Појадок. После појадокот, заминуваме на пешачки излет до Лептерија и Сокоград. Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за одмор или индивидуални активности или релаксација во базенот и џакузито на хотелот. Вечерта, свечена осмомартовска вечера со жива музика и богато мени.

Ноќевање.

06.03.2022 Недела Соко Бања – Скопје

Појадок.  После појадокот, напуштање на хотелот. Слободно време до поаѓање за Македонија во 12:30 часот. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
  • Традиционален коктел за добродојде
  • 2 ноќевања со појадок, ручек и вечера во хотел Бањица 3*
  • Свечена осмомартовска вечера со музика
  • Организација, реализација и придружник на патувањето
  • Туристичка такса

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Влезници по музеите и културно историските споменици
  • Задолжително патничко и здравствено осигурување

Попусти и доплати:

  • Деца од 2-12год. – 1.000 мкд попуст од редовната цена;
  • Доплата за неограничени пијалоци за време на Свечената вечера – 5€ (се плаќа на лице место)

Ковид политика:

Т.А Импала Травел, гарантира поврат на уплатени средства во случај:

  • Потврдено приуство на корона вирус на еден или повеќе лица на кој се однесува резервацијата (доказ позитивен ПЦР тест)
  • Затварање на граници

Напомена:

  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  • Ценитеседаденивоевра, уплатасевршиисклучивоводенарскапротиввредностпокурс 1€ = 62мкд
  • За Србија може да се патува со лична карта или со пасошот (важност на пасошот мин. 3 месеци по завршувањето на патувањето)
  • За влез во Србија нема никакви ограничувања, но за излез и за влез во Македонија за лица над 18 години е потребен сертификат за вакцинација, доказ за прележаност не постар од 45 дена или ПЦР или антигенски тест.