Истанбул - 2 ноќевања - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Истанбул – 2 ноќевања

 Истанбул

Царска престолнина на два континента

 

03.03-06.03.2022

10.03-13.03.2022 

Автобус 4 дена/ 2 ноќевања

 

 

1 ден: СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ

Состанок  на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn”, во 15:30 и паѓање за Истанбул во 16:00 часот. Се патува преку Р. Грција – граничен премин Евзони со попатни паузи. Ноќно возење.

 

2 ден: ИСТАНБУЛ НА ДЛАНКА

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Панорамски разглед на градот: Аксарај, Лалели џамија, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Римскиот аквадукт, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), стадионот на Бешикташ, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина џамија, Сулејманија, Фатих џамија… Потоа, факултативна посета на Sapphire Seyir Terasi, висока (238м), од каде се пружа прекрасна панорамска глетка на градот, како и можност преку 4-Д симулација да се надлета небото на Истанбул и неговите најзначајни обележја. Потоа, предлагаме возбудливо крстарење со брод по Босфор, под мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија, панорамско разгледување на раскошните палати од двете страни на каналот. Сместување во хотел… Факултативно, во попладневните часови предлагаме посета на Азискиот дел на Истанбул – Ускудар – Бејлербеј, поминувајќи преку подводниот тунел Мармарас (13.5 км за 4 минути, 60 метри под нивото на водите на Босфор… Европа – Азија). Слободно време да се ужива во ова прекрасно место за да се испие кафе и да се вкуси прекрасна риба во некои од познатите ресторани на Белербеј. Враќање во хотел преку Босфорскиот мост симболот на Истанбул – ноќна панорама на Истанбул. Ноќевање.

 

3 ден: ПЈЕР ЛОТИ-БАЛАТ-СУЛТАН АХМЕТ ПЛОШТАД-ТОПКАПИ ПАЛАТА-КАПАЛИ ЧАРШИЈА

Појадок. Посета на Пјер Лоти, ридот со поглед на Златниот рог во Ејуп. Ридот на Пјер Лоти нуди спектакуларен панорамски поглед на седумте ридови во Истанбул, можност да се вкуси најубавото турско кафе и најубавото Ѓомлезе во градот. Тука ќе ја слушнете и приказната за забранетата љубов на Пјер Лоти и Азизе… Прекрасен излет покрај брегот на Златниот рог, се посетува стариот историски кварт на Истанбул, познат под името Балат, со тесни улички, стари и колоритни куќи – место каде што се снимаат бројни турски серии… Пешачка тура во Срцето на Истанбул –  Султан Ахмет плоштад, каде што ќе може да се слушне приказната за  Сината Џамија со 6 минариња која претставува симбол на градот, прошетка по главниот историски плоштад на Истанбул – Хиподромот, палатата на Ибрахим Паша, прочуената Аја Софија – изградена во времето на владеењето на Царот Јустинијан како најголема византиска црква, подоцна претворена во џамија, а, денес музеј, отворен за сите посетители… Факултативно, прошетка по просторите на Султанот Сулејман Величествениот, и стариот султанов дворец Топкапи палата која ги чува приказните за огромното богатство на султаните… Посета на Капали Чаршија- затворен трговски маркет со сплет од околу 60 улици и 4000 продавници за злато, сребро, кожа и ткаенини… Во вечерните часови факултативно, предагаме посета на национален ресторан, ресторан на брод или Rooftop на Таксим. Ноќевање.

 

4 ден : ДОЛМА БАХЧЕ САРАЈ – ТАКСИМ-ФОРУМ

Појадок и напуштање на хотел. Факултативна посета на Долма Бахче Сарај – последната резиденција на Отоманскиот султан која содржи музејска збирка со непроценливо богатство. Посета на главниот плоштад во Истанбул – Таксим со познатата улица Истиклал… Програмата продолжува со посета на познатиот шопинг центар Форум, каде се наоѓа големиот Аквариум, Ikea, Decatlon, Koctas… Tргнување за Скопје во попладневните часови. Се патува преку Р.Грција со попатни  паузи. Пристигнување наредниот ден во раните утрински часови.

 

ЦЕНА за рана уплата до  19.02:       

79 евра / 4.900 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:               

89 евра / 5.520 ден.

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Смествање во хотел 3* во Истанбул, на база 2 ноќевања со појадок
  • Пешачка тура низ стариот историски дел на Истанбул со лиценциран водич: Хиподромот, Сината Џамија, Аја Софија, Капали чаршија…
  • Посета на Вселенска Патријаршија
  • Посета на Таксим
  • Посета на трговски центар Форум
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето
  • Поаѓање од: Велес, Неготино, Штип, Гевгелија, Струмица

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Панорамски разглед на Истанбул со локален водич 10 евра
  • Крстарење со брод по Босфор 15 евра
  • Посета на “Sapphire Seyir Terasi” со 4Д проекција 20 евра
  • Посета на Азискиот дел Ускудар – Белербеј, низ подводниот тунел Мармарас 15 евра
  • Посета на Топ Капи Палата ( водич, влезница) 30 евра
  • Посета на Долма Бахче Сарај  ( водич, влезница) 30 евра
  • Посета на Национален ресторан / ресторан на брод / rooftop на Таксим
  • Пјер Лоти (влезница, водич) 10 евра
  • Доплата за 1/1 соба 2.480 денари
  • Патничко – здравствено осигурување
  • Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново)… со доплата 1200 ден. од лице (доколку има минимум 6 патници заинтересирани за трансфер)

 

Напомени:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници. За овој програм важат Опшите Услови на патување на Импала Травел.
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од датумот на завршувањето на патувањето
  • Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00 денари.
  • Т.А. Импала Травел го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на редоследот на активностите по програмата за патување, како и во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и сл. Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!
  • Задолжително за влез во Грција, Турција и по враќањето за влез во Македонија потребно е патниците да поседуваат сертификат за вакцина или пак да приложат негативен ПЦР или Рапид тест.