Нордиски град во кој живеат најсреќните луѓе… Градот кој комплетно ќе Ве шармира при самото пристигнување, фасадите со живи бои, канали, пристаништа со бродови, “Малата сирена и дворците кои се инспирација да се напишат бајки… Во превод името значи трговско пристаниште и го одразува неговото потекло како пристаниште и место за трговија. И секако да не го заборавиме пивото… омилениот пијалок на Викинзите.. Магично, волшебно, скриено место за уживање. Таков е Копенхаген, шармантен…
АВИОН/ 4 дена/ 3 ноќевања
18 март СКОПЈЕ – КОПЕНХАГЕН
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04.00 часот. Полетување во 06.10, авионот слетува во Копенхаген во 09.10 часот. Организиран трансфер од аеродром и разглед на градот: Разглед на средновековната Данска престолнина Копенхаген: Палатата Амалиенборг, резиденција на Данските Кралеви, Градското собрание, Парламентот на Данска во Палатата Кристијансборг, Операта, Кралската библиотека, Дворецот Розенборг, симболот на градот “Малата сирена”, создадена според истоимената бајка од Ханс Кристијан Андерсен… Сместување во хотел. Во попладневните часови прошетка по најстарата пешачка зона во светот Строгет, со препознатлив „скандинавски дух“ и едноставни фасади со живи бои, канали и готски цркви. Во вечерните часови, препорачуваме возење со брод по каналите на Копенхаген. Ноќевање.
19 март КОПЕНХАГЕН – ДВОРЦИТЕ НА СЕВЕРЕН ЗЕЛАНД
Појадок. Препорачуваме факултативен излет до Дворците на Северениот дел на островот Зеланд. Посета на Дворецот Фредериксборг во Хилерод, најубавиот Дворец во Данска, сместен на три острови во средината на езерото. Во богато украсената внатрешност на Дворецот, е поставен данскиот историски музеј, а барокната градина во околината, е една од најубавите градини во Данска. Панорамската турнеја продолжува по данската ривиера до Елсинор, каде се наоѓа Кралскиот Дворец познат по делото Хамлет на големиот писател Вилијам Шекспир. Враќање во Копенхаген во попладневните часови, возејќи се по “Златниот брег”. Во вечерните часови препорачуваме посета на пивницата Carlsberg и можност за дегустација на познатото данско пиво. Ноќевање.
20 март КОПЕНХАГЕН – РОСКЛИД
Појадок. Полудневна (5часовна) екскурзија до Роскилд, 40км западно од Копенхаген. Влезете длабоко во данската историја од Викинзите до денес, градот нуди неверојатен увид во светот на Викинзите и нивната ера, кој повеќе од илјада години бил нивен гравен трговски центар. На самото пристаниште се наоѓа Музејот на бродови на Викинзи (вклучена влезница) , каде има бродови од 11 век, како и активено бродоградилиште. Разглед на градот и неговите знаменитости. Центарот на градот го краса готската катедрала Роскилд најстарата црква во Северна Европа, која истовремено е и гробница на кралското семејство на Данска. Враќање во хотел во Копенхаген. Во попладневните часови препорачуваме посета на историскиот забавен парк Тиволи со многу атракции и ресторани.. Ноќевање.
21 март КОПЕНХАГЕН – СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел. Организиран трансфер до аеродромот. Авионот за Скопје полетува во 09.35 часот. Пристигнување во Скопје во 12.20 часот.
Рана уплата до 15.02
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Напомена: