Дубаи, во денешно време претставува синоним за луксузен живот и атрактивна туристичка дестинација – една од најпосетените во светот. Специфичен спој на комфор, помешан со традиционални обичаи и стил на живот. Дубаи е модерен град со преубави плажи, луксузни хотели, импресивнаа архитектура, високи згради, вештачки остров во облик на палма… Највисоката зграда на светот Burј Kalifа, единствениот хотел со 7 ѕвезди, 70 шопинг центри, покриен ски центар со 5 стази и многу други објекти го одземаат здивот со што посетата на Дубаи станува незаборавна.
Плажите се песочни и со разновидни активности а уживаењето е неизбежно. Најпозната е Jumeirah Beach Park, која плени со својот бел песок и тиркизно плава боја на водата. Една од најпосетените атракции во Дубаи е пустинскито сафари.
Проверете зашто Дубаи во последните години е туристички центар број 1 во светот.
10.03/11.03 (Четврток/Петок) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ДУБАИ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 18.00ч. Полетување за Дубаи во 20.35 преку Истанбул со Turkish Airlines. Полетување од Истанбул во 01.30 и слетување во Дубаи 07.00ч. Трансфер до хотелот. Оставање на багажот во дежурна соба до времето за check in. Сместување. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
12-14.03 (Сабота/Недела/Понеделник) ДУБАИ
Престој во хотел на база ноќевање со појадок. Време предвидено за одмор, индивидуални прошетки, факултативни излети: разглед на Дубаи со локален водич, пустинско сафари, крстарење со брод по Дубаи марината, Burj Khalifa …
15.03/16.03 (Вторник/Среда) ДУБАИ – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот во 12.00ч. Слободно време. Трансфер до аеродром во 23.30ч. Авионот од Дубаи за Истанбул полетува во 02.40 и слетува во 06.35ч. Авионот од Истанбул за Скопје полетува во 08.50 и слетува во 08.15ч. (локално време).
За уплати до 14 Февруари:
Цена на аранжманот:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
TK1006 L TH 10MAR SKPIST KK15 2035 0010*
TK 762 L FR 11MAR ISTDXB KK15 0130 0700
TK 761 L WE 16MAR DXBIST KK15 0240 0635
TK1003 L WE 16MAR ISTSKP KK15 0850 0815
(Локација: Al Barsha – Tecom/ 2 метро станици до Дубаи Марина/ 2 метро станици до Mall Of the Emirates)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
НАПОМЕНИ:
Разглед на Дубаи
Идеална можност да се запознае градот! Разгледот започнува со посета на музеjот во Дубаи, а потоа следи пловење со стар брод до местото каде што е настанат Дубаи. По враќање во минатото каде што се тргувало со бисери и зачини, се доаѓа и до првиот сјај на Дубаи-златниот сук. Излетот продолжува со посета на најпознатата плажа Jumeira од каде што се пружа поглед на најфотографираното обележје, хотел Burj Al Arab. Краток одмор во Мадинат – комплекс хотели и ресторани изграден во арапски стил. Излетот завршува на палуостровот Палма пред хотел Атлантис.
Пустинско сафари
Една од најбараните и највозбудливите атракции во целокупната раскошна туристичка понуда на Дубаи. Со удобен џип започнува возењето по песочните дини и нејзиното волшебство, залезот на сонцето во пустината овозможува да се направат прекрасни фотографии, а вечерта има програма со незаборавен стомачен танц, неизбежното традиционалното цртање со к’на, јавање на камила… Посета на бедуински камп и време за чај, кафе и специјалитети од арапската кујна. Соколот е национална птица на ОАЕ е една од главните атракции на пустинско сафари.
Burj Khalifa
Овој неверојатен облакодер кој е апсолутен белег на Дубаи, висок 828 метри со повеќе од 160 ката, го држи рекордот за зграда со најмногу катови во светот. Можност да се ужива во иконскиот поглед на градот додека сте во облаци. Во него се наоѓа и највисокото живеалиште во светот – апартманот на височина од 385 метри и највисокиот ресторан во светот на височина од 441 метар (или 122 кат). Burj Khalifa го има и највисокиот лифт на светот со височина на искачување од 504 метри и брзина од 60 км/ час.
Burj Al Arab
Е единствениот хотел во светот со седум ѕвездички и е симбол на Дубаи. Величествена градба во облик на бродско едро, изграден е на вештачки остров, а со копното е поврзан преку приватен мост.
Dubai Mall
Трговскиот центар се состои од повеќе од 1200 продавници за ексклузивно шопинг искуство. Покрај шопингот, трговскиот центар нуди и места за забава и одмор, вклучувајќи го познатиот аквариум во Дубаи и подводната зоолошка градина, во кои се прикажани повеќе од 3000 морски видови. Не смее да се пропушти и светски познатиот златен сук кој го симболизира раскошот. Како дел од комплексот е и најголемата танцувачка фонтана на светот – фонтаната Дубаи.
Дубаи Марина
Синоним за новиот и модерен Дубаи. Таа е дом на најмаркантните облакодери и атракции изградени во најнов, ултрамодерен стил. Најдобар начин да се доживее Марината е со крстарење на зајдисонце, кога се претвора во ултрамодерна и футуристичка метропола. Забава на брод проследена со богата програма, со ориентален египетски танц, вечера во арапски стил и уживање во пловидбата и нејзината неверојатна глетка. Во оваа област се наоѓа и највисокиот блок облакодери на светот, сите повисоки од 300 метри.
The Palm Jumeirah
Овој вештачки остров во форма на палма е познат по своите прекрасни хотели, апартмани и луксузни ресторани. Може да се истражат многу возбудливи активности како скијање на вода, слободни падови, веслање околу дланката и уживање во раскошот на градот.
Музеј Дубаи
Идеално место за оние кои сакаат да истражуваат различни културни вредности и историја, и да се едуцираат за секојдневниот живот во Дубаи и цивилизациите пред откривањето на нафтата. Посетителите можат да се запознаат со сите урбани и рурални аспекти на Дубаи, вклучувајќи морски, крајбрежен, пустински, планински живот. Ретки автентични споменици, оригинални примероци, цртежи и дијаграми, аудио и видео медиуми се расфрлани низ крилата на музејот за посетителите да добијат појасна слика за моменталната состојба на напредок и пионерство.