Авион/ 4 дена/ 3 ноќевања
12 Март (Сабота) СКОПЈЕ – БРАТИСЛАВА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 11:30 часот. Полетување за Братислава во 14:00 и слетување во 15:30 часот. Организиран трансфер до Братислава. Посета на едно од најромантишните места во Братислава – музејот на модерна уметност Данубиана, каде што со свои изложби се имаат претставено престижни личности на словачката, европската и глобалната уметничка сцена. Покривот на музејот нуди уникатен поглед на Братислава, Малите Карпати и величествената река Дунав, особено на зајдисонце. Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.
13 Март (Недела) БРАТИСЛАВА
Појадок. Разглед на старото градско јадро, средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Михалската порта, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy во која Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирел својот прв концерт… Слободно време за ручек и индивидуални прошетки. Вечерта, можност за факултативна посета на традиционална пивница. Ноќевање.
14 Март (Понеделник) БРАТИСЛАВА
Појадок. Посета и шопинг во трговскиот центар “Eurovea” сместен на брегот покрај реката Дунав. Во попладневните часови, вечера во некој од околните словачки ресторани каде што ќе може да пробате некои од специјалитетите на словечката кујна: “brynadzove halušky” мини њоки со кремаст сос од познатото словачко сирење bryndza и крцкава сланина, потоа супа од лук, колач од ориз… Ноќевање.
15 Март (Вторник) БРАТИСЛАВА – СКОПЈЕ
Појадок. Посета на прекрасниот Братиславски дворец, лоциран на ридот, од каде има прекрасна глетка кон градот. Тоа е ретко место од каде што во исто време може да се видат трите држави: Австрија, Унгарија и Словачка. Трансфер до аеродромот во Братислава. Полетување за Скопје во 15:45 часот. Пристигнување во Скопје во 17:15часот.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
НАПОМЕНИ: