Christmas market - Убавиците на Дунав - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Christmas market – Убавиците на Дунав

  У Б А В И Ц И Т Е  Н А  Д У Н А В

07.12-12.12.2021

БУДИМПЕШТА – БРАТИСЛАВА – ВИЕНА –  БЕЛГРАД   

 

Вторник 07.12.2021 Скопје – Будимпешта Состанок на групата во 18:30 часот и заминување за Будимпешта во 19:00 часот. Патот води преку Р.Србија. Ноќно возење со попатни одмори.

Среда  08.12.2021  Будимпешта Пристигнување во Будимпешта во утринските часови и разглед на градот со локален водич: Плоштадот на Хероите, Парламентот, улиците Андраши и Ракочи, катедралата Св.Стефан, мостовите на Дунав, Кралската палата, Цитаделата, Рибарската тврдина. По разгледот сместување во хотел и краток одмор. Попладнето посета на најпознатата  пешачка улица Ваци која завршува со слаткарницата Жербо и плоштадот Ворошмарти тер каде се одржува традиционалниот Божиќен панаѓур.Организирано крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови со можност за единствен поглед од вода на најимпозантните објекти во Будим и Пешта пропратено со прекрасните звуци на виенски валцер,чаша шампањ и објаснување на локален водич. Враќање во хотел. Ноќевање.

Четврток  09.12.2021 Парндорф – Братислава Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и заминување за Братислава со попатна посета на  Парндорф, еден од најпознатите аутлети во Европа. Слободно време за шопинг (3-4 часа).Заминување за Братислава и по пристигањето сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во вечерните часови организирана посета на старото градско јадро на Братислава и слободно време за индивидуални активности со можност за посета на некој од традиционалните ресторани-пивници.Враќање во хотел. Ноќевање.

Петок 10.12.2021  Братислава Појадок. По појадокот следи разглед на градот со локален туристички водич: средовековниот плоштад со Роландовата Фонтана,Михалската порта, Градското собрание, катедралата Св.Мартин, Словачкиот народен театар, барокната палата каде Моцарт ги изведувал своите дела, палатата Паули во која Франц Лист го одржал својот прв концерт…. Во попладневните часови слободно време за индивидуални прошетки и можност за посета на плоштадот ХХлавни намести на кој ке имате можност да ја доживеете.Божиќната атмосфера пренесена преку многубројните тезги за традиционални слатки, јадења, украси. Ноќевање.

Сабота 11.12.2021 Виена Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и заминување кон главниот град на Република Австрија – Виена.  Пристигнување во Виена во пладневните часови и разглед на градот со локален туристички водич: Операта, Палатите на дворецот Хофбург, Палатата Белведере, Парламентот, Градското собрание, Рингштрасе, Музејот на модерна уметност, катедралата Св.Стефан и Стефанплац,посета на надворешноста на Дворецот Шенбрун – главната летна резиденција на Хабсбург династијата. По посетата се враќаме во центарот на Виена за присуство на Божиќниот панаѓур кој се одржува непосредно пред Градското собрание – Ратхаус. Слободно време за индивидуални активности и прошетки се до неговото затварање. Во доцните вечерни часови поагање за Белград. Ноќно Возење.

Недела 12.12.2021 Белград – Скопје Пристигнување во главниот град на Србија – Белград во утринските часови. Разглед на градот со локален водич:  хотел Москва, улицата Кнез Михајлова, Св. Сава, Булеварот на Револуцијата, Калемегдан, Стадионите на Партизан и Црвена Ѕвезда, Дедиње, Куќата на цвеќето – гробното место на Јосип Броз Тито… Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Во попладневните часови заминување за Скопје.  Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

ЦЕНА:   

  12.000 денари

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со модерен туристички автобус
  • 1 ноќевање со појадок во хотел Budapest 3* https://budapest-hotel.booked.net/ во Будимпешта
  • Крстарење по Дунав со чаша шампањ и локален водич
  • 2 ноќевања со појадок во хотел Plus 3* https://hotelyplus.sk/ во Братислава
  • Целодневна посета на Виена со Шенбрун
  • Шопинг аутлет центар Парндорф  www.mcarthurglen.com/de/outlets/at/designer-outlet-parndorf/
  • Разглед со локален водич на Братислава, Виена, Будимпешта и Белград
  • Организација и реализација на аранжманот

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Патничко и здравствено осигурување
  • Влезници за културно – историските споменици и локалитети

 

Напомена:

  • За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 40 патници
  • За ова патување важат општите услови на Т.А. Импала Травел