Охрид - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Охрид

24-ти Мај во Охрид

(со посета на Св. Наум, Вевчани

 и Бигорски манастир)

 

Прв ден: 21.05.2021 (петок)

Состанок на групата во 06:45 часот во Куманово и 07:45 часот во Скопје и тргнување кон Охрид со попатни паузи за одмор и можност за кафе-пауза и индивидуален појадок во ’Мекиците од Стража’. Пристигнување во Охрид во претпладневните часови и веднаш сместување во хотел De Lago – Центар. Краткотраен одмор. Тргнување кон Свети Наум, посета на манастирот, можност за прошетка, шопинг, посета на продавниците за сувенири итн. Враќање во хотелот, слободно време за прошетка покрај езерото во населбата Св. Стефан. Ноќевање.

Втор ден: 22.05.2021 (сабота)

Појадок. Посета на Св. Софија, Плаошник, Самоиловата тврдина, Св. Јован Канео и останати знаменотости во градот во договор со групата. Слободно време за прошетка и шопинг во Охрид со можност за индивидуален ручек. Враќање во хотелот. Слободно време за одмор. Ноќевање.

Трет ден: 23.05.2021 (недела)

Појадок. Тргнување кон Св. Стефан, Пештани и Трпејца, можност за прошетка, шопинг. Враќање во хотелот. Можност за заеднички свечен празничен ручек во хотелот или во некој од рестораните покрај езерото. Слободно време. Ноќевање.

Четврти ден: 24.05.2021 (понеделник)

Појадок. Одјавување на рецепција. Тргнување кон Вевчани. Посета на познатите Вевчански извори, главната селска црква Св. Никола, на Света Богородица и дел од останатите знаменитости во местото. Слободно време за прошетка, купување на сувенири, индивидуална закуска во некој од многуте автентични ресторани и сл. Тргнување кон Бигорски манастир Св. Јован Крстител. Посета на манастирот, време за прошетка, посета на продавниците за сувенири и икони. Тргнување кон Куманово со паузи зависно од потреба и попатно застанување во Скопје. Пристигнување во вечерните часови.

Цена на аранжманот по лице:

Хотел De Lago 4* –  6.490 ден.

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација (пополнетост на автобус по протокол)
  • Три ноќевања на база на ноќевање со појадок во хотел De Lago
  • Посета на Св.Наум, Св. Стефан, Пештани, Трпејца, Вевчани, Бигорски манастир
  • Туристичка такса
  • Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Индивидуални трошоци
  • Свечен празничен ручек со можност за забава зависно од протоколите
  • Доплата за еднокреветна соба + 50%
  • Влезници за локалитети

Напомени:

  • За реализација на аранжманот со вклучен превоз потребен е минимум од 30 патници
  • ТА Импала Травел го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред тргнување.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и сл.  
  • За аранжман со сопствен превоз цената се намалува за 1.350 денари