Ксамил - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Ксамил

КСАМИЛ

24-ти МАЈ (2 и 3 ноќевања )

 

Kсамил во 2020-та година беше една од најпосетуваните летни дестинации на Балканот. Секое ново патување прави рефреш на вашиот мозок. Ви препорачуваме да побегнете на кратко од секојдневните обврски и секојдневните случувања. За 24-ти Мај заедно со нас на море во Ксамил (Албанија). Ксамил е туристичко место во Албанија кое освен за посета за викенд го препорачуваме и за летен одмор. Тиркизот на морето ќе Ве воодушеви и сигурни сме дека ќе се одморите за викенд. Ние го нудиме Ксамил за 24-ти Мај на 2 или 3 ноќевања, се со цел на секој патник да му одговара терминот.
Програмите за 2 и 3 ноќевања можете да ги најдете подолу во понудата.

КСАМИЛ 24 МАЈ (2 И 3 НОЌИ)

*59€ – 2 ноќевања апартманско сместување;

*69€ – 3 ноќевања апартманско сместување;

Вила Ана се наоѓа на 50-70м од градската плажа во Ксамил. Вилата располага со 1/3, 1/4 и 1/5 студиа.Во вилата има базен кој во моментот е во изградба, патниците кои ќе престојуваат во вилата ќе можат да го користат бесплатно базенот. Собите се опремени со: мини кујна, тоалет, балкон, клима и дневна соба за спиење. Не сите соби имаат поглед кон море. Во близина на вилата има: кафетерија, маркети, пицерија и ресторан. На 400м оддалеченост се наоѓа познатата плажа Бора Бора.

Програма на патување со 2 ноќевања

1 ден–Петок (21.05.2021)
Состанок на групата на паркингот кај хотел Вип во 21:30ч. Патувањето се одвива преку граничниот премин Ќафасан. Ноќно возење со попатни паузи преку Албанија. За време на патувањето предвидени се две до три паузи.
Напоменуваме дека времето на поаѓање трпи промени поради полицискиот час.

2 ден–Сабота (22.05.2021)
Пристигнување во раните утрински часови во Ксамил. Влезот во собите е после 14:00ч. Наша препорака е да го истражите Ксамил, соседните плажи во близина на Ксамил и да уживате на Јонско море. За вечера можете да одите во локалните ресторани покрај море и да вкусите морска храна.Ноќевање.

3 ден–Недела (23.05.2021)

Слободно време за индивидуални активности. Во попладневните часови околу 18:30ч факултативна посета на Саранда. Станува збор за познато туристичко место кое е препознатливо по прекрасните ресторани покрај море. Секако, прошетајте низ градот купете си сувенири за вас и вашите најблиски. Слободно време околу 2 ипол часа во Саранда. Враќање околу 21:30ч во Ксамил. Ноќевање.

4 ден–Понеделник (24.05.2021)

Овој ден e последен ден од турата па препорачуваме да уживате на плажа. Во 13:00ч се напуштат апартамините и половина час подоцна е поаѓањето за Македонија. Пристигнување во Скопје околу 21-22:00ч.
Напоменуваме дека времето на поаѓање од Ксамил трпи промени поради полицискиот час во Македонија.

 

Програма на патување за 3 ноќевања

1 ден–Четврток (20.05.2021)
Состанок на групата на паркингот кај хотел Вип во 21:30ч. Патување се одвива преку граничниот премин Ќафасан. Ноќно возење со попатни паузи преку Албанија. За време на патувањето предвидени се две до три паузи.
Напоменуваме дека времето на поаѓање трпи промени поради полицискиот час.

2 ден–Петок (21.05.2021)
Пристигнување во раните утрински часови во Ксамил. Влезот во собите е после 14:00ч. Наша препорака е да го истражите Ксамил, соседните плажи во близина на Ксамил и да уживате на Јонско море. За вечера можете да одите во локалните ресторани покрај море и да вкусите морска храна. Ноќевање.

3 ден–Сабота (22.05.2021)

Препорачуваме да прошетате и истражите што е можно повеќе, можеби токму ова место ќе ви биде на листата за вашиот иден летен одмор. Од другата страна се наоѓа островот Крф па можете да уживате во погледот и вегетацијата што ја нуди овој остров.Ноќевање.

4 ден–Недела (23.05.2021)

Слободно време за индивидуални активности. Во попладневните часови околу 18:30ч факултативна посета на Саранда. Станува збор за познато туристичко туристичко место кое е препознатливо по прекрасните ресторани покрај море. Секако, прошетајте низ градот купете си сувенири за вас и вашите најблиски. Слободно време околу 2 ипол часа во Саранда. Враќање околу 21:30ч во Ксамил. Ноќевање

5 ден–Понеделник (24.05.2021)

Овој ден e последен ден од турата па препорачуваме да уживате на плажа. Во 13:00ч се напуштат апартамините и половина час подоцна е поаѓањето за Македонија. Пристигнување во Скопје околу 21-22:00ч.
Напоменуваме дека времето на поаѓање од Ксамил трпи промени поради полицискиот час во Македонија.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со автобус

  • 2 или 3 ноќевања во приватни апартмани во Ксамил

  • Туристички придружник за време на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Патничко осигурување

  • Туристичка такса 1 евро од ноќ од лице ( Се плаќа задолжително во автобус)

  • Индивидуални трошоци

  • Доплата од 20 евра од лице за еднокреветна соба доколку станува збор за 2 ноќевања

  • Доплата од 30 евра од лице за еднокреветна соба доколку станува збор за 3 ноќевања

  • Факултативна посета на Саранда- 5 евра од лице (Се плаќа во автобус)