Белград - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Белград

Белград 24-ти Мај

Белград е еден од најстарите градови во Европа, кој се наоѓа на сливот на реките Сава и Дунав. Тоа е неверојатен град кој едноставно повикува со својата уникатна и мистериозна атмосфера, како и бизарна мешавина на источната и западната култура.
Нови Сад е главен град на северната српска покраина Војводина. Втор град по големина во Србија, по Белград. Градот изобилува со стари историски градби, со многу цркви, катедрала, синагога, тврдина, плоштади и други историски знаменитости. Покрај српскиот јазик, се користат и унгарскиот, словачкиот и панонскорусинскиот јазик.

Цена на аранжманот: 79 евра / 4.900 мкд

 

Програма за патување:

 

1 ден -22 Мај-Сабота

Состанок на групата во 02:00 на паркингот спроти хотел Holiday INN. Тргнување за Белград во 02:30. Патување во раните утринските часови со попатни паузи. Пристигнување во Белград во претпладневните часови. Следува разглед на Белград со придружба на водич (Булевар Револуција, Собрание, плоштад Никола Пашиќ, Теразиска чешма (хотел Москва), Кнез Михајлова, Калемегдан (Калемегданска тврдина), Скадарлија (Боемски кварт)..По разгледот се сместуваме во хотел. Во попладневните часови е предвидено факултативно крстарење по реките Сава и Дунав и запознавање на градот од поинаков агол. Во вечерните часови (доколку епидемиолошката состојба во тој момент дозволи реализација) е предвидено факултативна посета на некоја од Белградските кафани каде ќе го запознаеме надалеку познатиот белградски ноќен живот. Ноќевање.

2 ден- 23 Мај- Недела

Појадок. Факултативен излет до Нови Сад. Разглед на градот со локален водич: улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петроварадинската тврдина…Слободно време. Враќање во хотел. Во вечерните часови е предвидена факултативна посета на традиционалните белградски кафани. Ноќевање.

3 ден-07.03.2021- Недела

Појадок. Напуштање на Хотел. Се упатуваме во новоотворениот трговски центар Ушче. Слободно време за шопинг. Во попладневните часови околу 15 часот поаѓање за Македонија. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

 

 

СМЕСТУВАЊЕ

ТИП НА СМЕСТУВАЊЕ

22.05. – 24.05.

HOTEL NOBEL 4*

1/3 со појадок
1/2 со појадок

79€
89€

 

Цената на аранжманот вклучува:
  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 4*
  • Разгледување на Белград со стручен локален водич
  • Посета на трговскиот центар Ушче
  • Придружник – пратител на групата за време на патувањето
Цената на аранжманот не вклучува:
  • Факултативни излети
  • Задолжително патничко-здравствено осигиривање
  • Туристичка такса 90 денари по ноќ по лице
Напомени:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници

За овој програм важат Општите услови на патување на Импала Травел

Начини на плаќање:

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплаќа  7 дена пред поаѓање.